Предновогодишен концерт на Филхармонија „NY vs NY“.

Во пресрет на новогодишните празници, Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ во Скопје во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт под наслов „NY vs NY“.
Концертот ќе се одржи под палката на маестро Борјан Цанев, а ќе претстави програма која ќе ја донесе атмосферата за време на новогодишните празници во „градот кој никогаш не спие“.

Како солист ќе се претстави извонредниот пијанист Евгени Божанов од Бугарија, кој ќе ја изведе популарната „Рапсодија во сино“ од Џорџ Гершвин.

Оркестарот на Македонската филхармонија на концертот „Нова година versus Њујорк“ ќе ги изведе и фантастичните „Приказна од Западната страна“ од Леонард Бернштајн, „Смешно лице“ од Гершвин, „Saturday Night Waltz“ од Арон Копланд, „The Entertainer“ од Скот Џоплин, „Medley“ од Дјук Елингтон и „Blue tango“, „Плинк, Планк, Плунк“, „Фидл-Фадл“ и „Мачка што игра валцер“ од Лирој Андерсон.

Бугарскиот пијанист Евгени Божанов (1984) почнал да учи пијано на шестгодишна возраст, а јавното деби го направил во својот роден град Русе на 12 години, свирејќи концерт од Моцарт. Помеѓу 1996 и 2010 година, кога кариерата на Божанов е веќе во постојан растеж, тој заминува на студии во Германија, каде што на конзерваториумот Фолкванг во Есен студира со Борис Блох. Се здобива со престижни награди од неколку натпревари, вклучувајќи ги и „Свјатослав Рихтер“ во Москва, „Кралицата Елизабета“ во Брисел и „Ван Клибурн“ во Форт Ворт, Тексас.

Иако беше еден од фаворитите на Интернационалниот натпреварпо пијано „Шопен“ во Варшава во 2010-та, тој не ја освои главната награда, туку четврта, па тоа доведе до контроверзни дебати во полскиот печат, но и многу покани од полските концертни агенти и оркестри за понатамошни концерти. Така, Божанов настапи во Брисел, како и на турнеја во Јапонија свирејќи го Третиот концерт од Бетовен и Првиот концерт од Шопен, со кој во 2011 година, на покана на натпреварот „Шопен“, настапи на отворањето на седмото издание.

Во сезоната 2011/2012, Божанов дебитираше и во Берлинската филхармонија,  во „Музиквереин“ во Виена, во „Ројал фестивал хол“ во Лондон, во „Сантори хол“ во Токио, но и во Стокхолм, Санкт Петербург, Милано, Минхен...

Постојано добива извонредни критики од публиката, како и од стручната јавност, во контекст на тоа дека тој е од иста планета како и Липати, Хоровиц и Микеланџели, или дека тој може да произведе повеќе нијанси на тонот од кој било друг пијанист, дека неговиот тон има личен печат, или пак, дека Божанов создава уметност на импровизација и спонтаност, а во истовреме уметност на интелигенција и експресивност. /МИА

Сијарто: Комесарот на ОН и објави војна на унгарската влада

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Раад ал-Хусеин и објави војна на унгарската влада затоа што сака да ги заштити граѓаните на Унгарија од илегалната миграција.

Тоа го изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.

Ал-Хусеин денеска на отворањето на 38. Седница на Светскиот совет за човекови права ја критикуваше имиграционата политика на Америка, Кина, Мјанмар и Унгарија.

Комесарот на ОН ја критикуваше Унгарија поради законот против активностите на милијардерот Џорџ Сорос со кои се наметнуваат рестрикции на организациите кои им помагаат на бегалците и ги казнуваат групите за заштита на човековите права на границите.

Шефот на унгарската дипломатија изјавил дека илегалната миграција е прашање на национална безбедност и навел дека во последните три години загинале повеќе од 330 луѓе, а повеќе од 1.300 се повредени во Европа “во нападите на терористите со мигрантско потекло“.

Фотографијата со која “Русите“ го шокираа светот не е од Русија (фото)

Фотографијата која го обиколи светот, а на која се наоѓаат десетици мртви кучиња, била направена во Пакистан, а не во Русија, како што тврделе многумина.

Шокантната фотографија направена е во Карачи во 2016 година, а кучињата биле убиени за да се намали бројот на животните на улиците, пишува „Раша тудеј“.

Сепак, пред почетокот на Светското првенство во фудбал многумина беа загрижени за кучињата скитници во Русија, тврдејќи дека Русите ги убиваат.

 

Корисниците на социјалните мрежи ја споделувале фотографијата мислејќи дека е направена во Русија.

Меѓутоа, фотографијата на која има повеќе од 50 мртви кучиња е направена пред две години во Пакистан.

Заменик премиер Витали Мутко навел дека животните биле уловени и сместени во прифатилиште, а некои од корисниците на твитер го споделиле го споделиле текстот на Ројтерс во кој се наведува дека во Карачи во 2016 година се убиени повеќе од 700 кучиња. Фотографијата со кучињата исто така се наоѓа во овој текст.

„Фотографијата која сте ја искористиле според моето мислење е злочин, но не од Русија“ – напишал еден корисник на оваа социјална мрежа.

 

Украина: Време е за “деокупација“ на Крим

Киев, после продолжувањето на санкциите на ЕУ спрема Русија, треба да премине на “деокупација“ на Крим, изјави министерот за внатрешни работи на Украина, Павел Климкин.

„Им благодарам на нашите пријатели во ЕУ за продолжувањето на “кримските“ санкции на уште една година. Важно е во списокот да се внесат и одговорните за масовните кршења на човековите права на окупираниот полуостров и за изградбата на мостот преку Керчкиот проток. Треба да се премине од политика на “непризнавање“ на “деокупација“.

Претходно е соопштено дека рестриктивните мерки на Европската унија за Крим се продолжени на уште една година.

 

притисни ентер