Обожавателка на Хари Потер си го продава своето тело за билет

Колку сте голем обожавател на Хари Потер?
Девојката поставила провокативни фотографии од себеси во кои вели дека таа не  е проститутка и ги објаснила условите за потенцијалниот “клиент“.
Јас сум голем обожавател на Хари Потер, и сакам да го посетам тематскиот парк Хари Потер, но билетот и трошоците се многу големи за хотел, храна итн., напишала девојката.

Huge Harry Potter fan sells herself to go to the theme park Credit: Craigslist/Getty Images

„Јас не сум проститутка туку барам партнер кој ќе дојде со мене во паркот и ќе ги подмири сите трошоци како што се храна, хотел и билет за паркот“, додава девојката.

Huge Harry Potter fan sells herself to go to the theme park Credit: Craigslist/Getty Images

„Јас ќе бидам лажна девојка на момчето што ќе плати се. После ова можеби ќе сме и во врска но тоа зависи како ќе се одвиваат работите. Потенцијалното момче ќе ги подмири сите трошкови а јас ќе го задоволам сексуално, додава девојката.

Huge Harry Potter fan sells herself to go to the theme park Credit: Craigslist/Getty Images

„Можеме да спиеме во исти кревет, но не сакам мазење и бакнувања. Можеме да се држиме за рака додека шетаме низ паркот. Почитувај ме и ќе те почитувам, допишала девојката.

Фабрика на Форд ги симулира сите временски услови

Кога произведувате автомобили тие мораат да ги исполнат временски услови во различните делови на светот.

Американскиот автомобилски гигант Форд оди чекор напред со својата нова фабрика во Келн за тестирање на автомобили во различни временски услови.

Овој погон нема да биде идентична замена за Антартикот или „пеколот“ на Долината на смртта , но е пристојна алтернатива.  

Фабриката поседува воздушен тунел, способен да симулира силни врнежи од снег на надморска височина од 5200 метри, што е висината на која се наоѓа базниот камп на северниот дел на кровот на светот Монт Еверст.

Во погонот се симулираат и различни временски услови и температура од – 4- до + 55 степени Целзиусови, а може да произведе и влажност на воздухот од 95 проценти. Во исто време може да се тестираат десет автомобили.

Форд во оваа фабрика во Келн ќе ги тестира своите автомобили на  безбедност, издржливост, удобност, електрични перформанси, запирање, греење на кабината и клима.

Скокнал пред камион кој брзо возел по автопатот (видео)

Саудиецот, кој стана хит на социјалните мрежи, откако беше снимен како скока пред камион, уапсен е неколку часа подоцна.

Неименуваниот маж стоел во багажникот на автомобилот паркиран покрај патот, а потоа скокнал пред камионот.

Возачот успеал да го заобиколи, делумно преминувајќи во другата лента.

Саудиецот поминал без повреди, но неколку часа подоцна е лишен од слобода.

Од полицијата е соопштено дека станува збор за тинејџер кој го загрозил својот живот и животите на останатите учесници во сообраќајот и поради тоа ќе биде санкциониран.
 

Скандал по кралската венчавка- братучедот на војвотката Меган фатен со нож

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган вечерта по кралската венчавка бил фатен со нож во дискотека во Лондон.

Братучедот на војвотката од Сасекс , Меган , Тајлер Дули бил фатен од полицијата вооружен со нож во ноќен клуб во Лондон. Тој избегал од обезбедувањето , но полицијата го нашла во хотел , каде на полицајците им предал и бибер спреј.

Рекол дека ножот и спрејот му биле потребни за самоодбрана. Полицијата го потврдила инцидентот и според соопштението од Скотланд Јард , братучедот на Меган поминал со предупредување ,

Инаку , Тајлер Дули поседува плантажа за производство на марихуана во американската држава Орегон.

притисни ентер