Заменик министерот Ристовски ќе ја посети компанијата ДТК Смарт-тек ДОО

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јасмина Поповска денеска ќе ја посетат компанијата ДТК Смарт-тек ДОО, која е еден од добитниците на кофинансиран грант наменет за развој на иновација, на првиот јавен повик објавен од страна на Фондот.
ДТК Смарт-тек ДОО е академски спин оф, односно претпријатие основано од група професори на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, каде се наоѓа и нејзиното седиште. /МИА

Матурантите направија хаос во Загреб- 13 приведени (ВИДЕО)

Полицијата приведе 13 матуранти во Загреб, откако направија хаос во центарот на градот.

Освен приведените 13 матуранти , брзата помош интервенирала за 11 од нив , кои биле во алкохолизирана состојба.

Според организаторите , матурантите од 12 до 13 часот денеска требало да се движат по позната маршрута низ центарот на градот , но дел од 5 – те илјади , решија да се забавуваат со капење во градските фонтани , фрлање димни бомби и боја.

Трамвајскиот сообраќај беше во прекин , а полицијата ги предупреди граѓаните денеска да го избегнуваат центарот на Загреб. Полицијата е во потера и по еден матурант , за кого сметаат дека има пиштол.

Шест лица загинаа , откако беа објавени резултатите од изборите во Индонезија (ВИДЕО)

Во бунтот во Индонезија по објавувањето на резултатите на претседателските избори , загинаа најмалку шест лица,a над 200 се повредени.

Во насилните демонстрации во Џакарта , откако беше објавено дека победил претседателот во заминување Џоко Видодо, загинаа најмалку шест лица.

Демонстрациите ги организираа противниците на Видодо , приврзаниците на генералот Прабов Субиант. Полицијата користеше солзавец за да ги растера демонстрантите.

,, Во девет часот наутро (по локално време) имавмед над 200 повредени , кои се однесени во пет болници.” , изјави гувернерот Аниес Басведан за локалните медиуми.

Османи: ИРИ е неповратно вграден во политичкиот и демократскиот развој на земјава

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска се сретна со директорот на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Европа, Пол Макарти и директорот на Центарот за глобален импакт при ИРИ, Антонио Гарастазу.

Како што соопштуваат од СЕП, на состанокот биле отворени теми поврзани со можностите за соработка меѓу Секретаријатот за европски прашања и ИРИ, во рамките на иницијативите и портфолиото на активности на Институтот, како што се: управување со граѓанството, борбата против корупција, зајакнување на законодавството, дигиталмната демократија, независни медиуми и пристап до информации, прашања поврзани со миграцијата; младинско јакнење, применети истражувања, и слично.

Османи упатил благодарност до Макарти за континуираната поддршка што Институтот ја обезбедува за нашата држава и нејзините евроатлантски амбиции како и за постигнатиот демократски напредок.

– Како земја имаме огромен напредок во изградбата на стабилна кохезија во општеството, напредок во обезбедувањето стабилност на меѓуетнички план, но и воопшто, во изградбата на политичка зрелост која резултираше со значаен демократски напредок, истакна Османи, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

притисни ентер