Притисни црвено копче доколку имаш имотно-правен проблем

Над 2500 компании го приватизирале имотот на кој е изграден капацитетот.
Од управата за имотно правни работи велат дека компаниите во последните 6 години значително го почувствувале олеснувањето од 30 отсто при трансформација на земјиштето од државно во приватно.

„Приватизацијата на компаниите има повеќе стар ефект, не само како зголемување на вредноста на компанијата туку тоа земјиште може да се стави и под хипотека со цел да се обезбеди финансиска поддршка од банките. Земјиштето може да се искористи и за зголемување на производствените капацитети и создава можност за нови вработувања изјави Зоран Крстаноски, директор на Управата за имотно-правни работи.

Од 1 до 10 ноември сите што имаат нерешен имотно правен проблем ќе може да ја искористат акцијата притисни црвено копче.
Ќе бидат дополнително контактирани од наша страна, ќе се закажуваат термини за заеднички средби и ќе се разгледуваат конкретни проблеми. На тој начин Управата и понатаму останува отворена за средби  и консултации  со сите граѓани и правни лица кои имаат имотно-правни проблеми, изјави Крстаноски.

Над 500 компании поднеле барање за приватизација на земјиштето до управата за имотно правни работи на Гази баба. Половина од нив се решени при што сопствениците и официјално станале газди на сопствената парцела.

Министерот Никола Димитров се сретна со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Според соопштението на МНР ,на средбата се разговарало за последните случувања од разговорите за надминување на разликата околу името што се одвиваат под покровителство на ООН.

МИнистетот Димитров изјави : „Со визија и лидерство на двете страни имаме историска шанса да затвориме еден повеќедецениски, историски спор”.

Димитров, во седиштето на ООН во Њујорк имаше средба и со Розмари А. Дикарло, Потсекретар за политички прашања во ОН, на која беше реафирмирана посветеноста на Република Македонија кон европските и евро-атлантските интеграции.  

„Созревањето на Република Македонија и решителноста за градење европска демократија е вистинска шанса за демократски пробив во Европа.”, рече Димитров по средбата. 

Загинати и повредени во силна експлозија во склад за пиротехника (ВИДЕО)

Најмалку едно лице загина и уште 27 се повредени во силна експлозија во склад за пиротехника во Шпанија.

Експлозијата настанала во илегален склад за пиротехника на северзапад на земјата , во близина на градот Туи. Полицијата соопштува дека експлозијата била толку силна што се искршиле прозорците на сите објекти во радиус од три километри.

На терен се бројни спасувачки служби , кои бараат преживеани во урнатините. Градобначалникјот на Туи , Васкез Падин изјави дека складот се наоѓал во куќа , која е целосно разорена.

Судот му забрани на Трамп да блокира на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе нема да смее да ги блокира корисниците на Твитер.

Федералниот судија во Њујорк , Наоми Рејс Бучвалд донесе одлука Американскиот претседател Доналд Трамп да не смее веќе да ги блокира корисниците на социјалната мрежа Твитер.

Според одлуката на судијката со таквиот потег Трамп го загрозува нивното право на слобода на говор , пропишано во Првиот амандман од Уставот на САД. Одлуката е донесена како резултат на тужбата , која во јули минатата година против Трамп ја поднесе Институтот на Универзитетот Колумбија , кој се занимава со проучување на примената на Првиот амандман на Уставот на САД .

На Институтот во тужбата му се приклулија и неколку корисници на Твитер , кои биле блокирани од претседателот Трамп по коментарите што ги објавиле на неговите објави.

притисни ентер