Ванхоуте: Непостигнувањето договор го загрозува одржувањето на изборите во април

Ако до викендов партиите не се договорат ќе пропадне договорот од Пржино.
Доколку   до  први декември не се формира Државната изборна комисија ќе нема избори. Вака брифираше белгискиот олеснувач во преговорите од договорот во Пржино, Питер Ванхауте.

Тој смета дека безбедносната состојба во Македонија е загрозена и покрај тоа што не постои меѓунационален проблем.

Препорачува Советот  на јавни обвинители треба што  поскоро да го прифати целосниот список на специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим да почне со работа. Белгискиот олеснувач не  знае дали ваквата состојба ќе доведе до негативен извештај од Европската комисија. Одложувањето на извештајот не е поради важноста на Македонија туку поради Турција.

Единствено добро, Ванхауте гледа во тоа што членовите на работните групи разговараат меѓу себе што не било случај на почетокот и оти имаат желба тие да продолжат, во формат со претставници од две по две партии.

Вели дека медиумите секојдневно ќе бидат информирани преку листа на постигнати резултати од преговорите а за секој посебен напредок јавноста ќе биде дополнително информирана.

Најголем проблем во Македонија не биле политичките партии, ниту нивните лидери, туку проблемите напластени во последните 6-7 децении што придонеле да се формира нефункционален систем. Според белгискиот олеснувач како резултат на минатото постои нефункционално собрание, државна изборна комисија и судски систем.


И од Стејт департментот стигна речиси идентична порака. Партиите да ги стават интересите на државата на прво место. Да ја реафирмираат посветеноста на евроатланските интеграции. Соединетите американски држави очекуваат работните групи да продолжат со нивната работа во однос на спроведување на обврските од договорот од Пржино.
Тонски

- Ги охрабруваме македонските лидери да го надоградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементацијата на политичкиот договор од 15 јули кој претставува најдобар начин за излез од кризата и пат кон одржување кредибилни избори во април следната година. Партиите сега го пропуштија клучниот рок за постигнување согласност за сериозни прашања кои се однесуваат на формирање техничка влада, заштита на свиркачите, како и заштита на приватноста, рече Кирби.
На политичките партии им порача дека не треба да влијаат или да ја попречуваат работата на специјалната обвинителка Катица Јанева.



Ведро и потопло, по котлините магла

Времето во земјава ќе биде ведро, во повисоките места со слаб до умерен ветер од променлив правец, а во скопската и полошката котлина има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус три до седум степени, а дневната од седум до 16 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со магла претпладне. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Следува период на стабилно и потопло време. Од понеделник по одделни котлини ќе биде облачно, магливо и постудено. Локален дожд ќе има во четврток во попладневните и ноќните часови кон петок.

Намалена видливост поради магла кај Демир Капија, Штип и Делчево

Поради појава на магла видливоста во сообраќајот кај Демир Капија е намалена на 100 до 150 метри, Штип до 50 метри и Делчево 50-100 метри. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Османи: Со измените на изборниот модел не губи ДУИ, губат Албанците пратенички места

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи оценува дека со предложените измени на Изборниот законик не губи ДУИ како голема политичка партија, туку губат Албанците.

Според него реакцијата не се однесува на СДСМ, туку на фактот да не дозволат да се намали бројот на пратеници Албанци заради изборниот модел.

– Вистина е дека една изборна единица повеќе и одговара на ДУИ. Симулацијата што ја има правено СДСМ е точна дека ДУИ добив два пратеника повеќе со една изборна единица отколку со шест изборни единици, меѓутоа истите симулации покажуваат дека вкупниот број на албански пратеници паѓа за осум до 10 пратеника. Да ДУИ добива како голема партија кај Албанците, но вкупниот број албански пратеници паѓа за осум до десет бидејќи во една изборна единица Донтовата формула ги собира гласовите од помалите партии ги дава на поголемите и така паѓа вкупиот број албански пратеници, изјави Османи во одговор на новинарски прашања.

Истакна дека реакцијата на ДУИ воопшто не се однесува на СДСМ, на некакви меѓукоалициски односи, туку се однесува на фактот дека, како што рече, нема да дозволиме бројот на пратеници Албанци да падне заради изборниот модел.

Пратеничката група на ДУИ поднесе речиси 5.000 амандмани на предлог–измените на Изборниот законик./МИА

притисни ентер