17 години Канал 5 во функција на гледачите

Некогаш гледавме Симпсонови и Футурама на Канал 5, продолживме со Црни Бисери и Пирамида, ексклузивните преноси од Формула еден и Лигата на шампионите, низа политички, документарни и забавни програми, до турските серии и шоуто Ѕвездите на Гранд, секогаш следејќи го пулсот на народот, се со цел, да се оправда довербата кај гледачите.
17 години канал 5, 17 години минати во градење доверба, професионален пристап и постојаната потрага по вистината. Некогаш скопска телевизија, денеска урбан медиум, со завиден рејтинг и препознатлив имиџ.

И годинава се сеќаваме на нејзиното раѓање - од скромните почетоци преку тешките искушенија  до денес, медиум со национална концесија, кој ги применува европските стандарди и светските искуства.

Некогаш гледавме Симпсонови и Футурама на Канал 5, продолживме со Црни Бисери и Пирамида, ексклузивните преноси од Формула еден и Лигата на шампионите, низа политички, документарни и забавни програми, до турските серии и шоуто Ѕвездите на Гранд, секогаш следејќи го пулсот на народот, се со цел, да се оправда довербата кај гледачите.

Целиот тој период не застанавме во обидите да им помогнеме на несреќните, да им ја олесниме болката на беспомошните.

Канал 5 остана цврсто да зрачи во медиумскиот етер, будно  и непристрасно да ги следи политичките текови.

Понекогаш критикувана, често наградувана, Канал пет продолжува во духот на нејзиното име – петка.

Затоа, вечерва по 17-ти пат, канал пет ќе го прослави својот роденден, овојпат   во хотелот ТЦЦ Плаза, во присуство на голем број јавни личности – естрадни уметници, бизнисмени, колеги и политичари.


Филипче: Сметот кај Ургентен центар ќе биде исчистен, распишан е и тендер

Сметот направен кај Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ќе биде исчистен од  екипа на „Комунална хигиена“, а во тек е и тендер за избор на компанија која ќе го спроведува чистењето, изјави денеска министерот за здравство Филипче.

- Точно е дека има проблем и тој е резултат на тоа што се прекина тендерската постапка за чистење. После долги години, интегенциите се враќаат во Службата за општи и заеднички работи која ги менаџира заедничките потреби на сите клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза и тие се во постапка на тендер за добивање на компанија која ќе го спроведува чистењето, појасни Филипче.

Во меѓувреме, со градоначалникот на Град Скопје договорено е екипа на „Комунална хигиена“ да го исчисти целото ѓубре, а направен е договор и следниот месец тоа да се одвива тековно. 

Миновски: До крајот на летово барање за А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола

 До крајот на летово АД ЕЛЕМ ќе поднесе барање за добивање А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола, најави денеска генералниот директор на Електрани на Македонија, Драган Миновски. 

- Во моментов работната група ги собира податоците и се прават анализи  кои се проекти треба да се реализираат за да се добие дозволата. Очекувам набрзо да излеземе со предлог до Министеството за животна средина и просторно планирање за добивање на дозволата, рече Миновски, одговарајќи на прашање на прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека не сака да шпекулира со точни термини и додаде дека е најбитно работната група квалитетно да си ја заврши работата.

- Тоа е еден процес кој е долг и значаен за самата компанија и затоа е неопходно квалитетно да се заврши, потенцира Миновски.

Прашан до каде е реализацијата на проектот Чебрен и Галиште за кој премиерот Зоран Заев недомна најави дека ќе се реализира преку АД ЕЛЕМ и ќе чини 220 милиони евра, Миновски рече дека станува збор за владин, а не за проект на АД ЕЛЕМ.

- Со одлука на Влада веќе е формирана работна група која имаше два состанока до сега. Во неа работат експерти, а има и претставник од АД ЕЛЕМ и во моментов се анализираат можностите за градба и кој тип на брана да се реализира, рече Миновски и додаде дека нема конкретни датуми до кога да се донесе одлуката. 

Интервјуто со Заев урна рекорди!

Синоќешното интервју со премиерот Зоран Заев во „Само Вистина“ на Канал 5 ги урна рекордите на гледаност на емисијата во оваа сезона.

 „Само Вистина“ останува убедливо најгледана политичка емисија во македонскиот етер!

притисни ентер