Свечено отворено 36-тото издание на фестивалот Браќа Манаки во Битола

Со светска премиера на македонскиот филм „Лазар“ во режија на Светозар Ристовски синоќа во Битола свечено беше отворено 36-тото издание на фестивалот на филмската камера Браќа Манаки. Во гламурозна атмосфера на црвениот тепих продефилираа голем број филмски работници, меѓу кои и лауреатите на фестивалот.

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов му ја врачи наградата за животно дело на полскиот кинематографер Ришард Ленчевски.

,,Изненаден сум што вечерва ја добив наградата бидејќи никој не ми кажа дека тоа ќе биде сега. Според мене секој снимен филм е една мала лекција.,,-рече Ришард Ленчевски, добитник на наградата за животно дело Златна Камера 300.

Најавен како ангелот од Берлин, актерот Бруно Ганц, наградата ја прими од Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска.

,,Поминав два посебни денови во Битола меѓу луѓе со топло срце. Ме прошетаа по археолошки локалитети со што се приближив до суштината на оваа земја.“ -рече Бруно Ганц, добитник на специјалната „Златна камера 300“.

На добитникот на златната камера 300 Алексеј Серебрјаков наградата му ја врачи градоначалникот на Битола Владимир Талески. Примајќи ја наградата Серебрјаков по мобилен телефон се јави кај сопругата во Торонто, истакнувајќи дека неговата работа и е посветена неа.

,,Не знам кој се сети да ми биде доделена оваа награда, но ова е одлична идеја. Имам 51 година, а вакви награди вообичаено се добиваат по 70-тата година“ - рече Алексеј Серебрјаков добитник на специјалната „Златна камера 300“.

Како покровител на фестивалот Претседателот Иванов истакна дека филмот преку различни наративи ја отсликува вистината.

Министерката за култура рече дека Македонија е земја во која филмската дејност бележи голем подем и која станува нова дестинација на мапата на светската филмска индустрија.

Под мотото Филмот е убав, фестивалот донесува 215 филмови од 40 земји

Од оваа година со поддршка на фестивалот излезе и битолската млекарница Бимилк.

Годинашното издание на фестивалот е во знакот на 110 години творештво на Браќата Манаки.


Над 500 деца мигранти вратени на семејствата

Американското министерство за здравство соопшти дека 522 деца им се вратени на семејствата.

Сепак , над 2 000 деца без документи и натаму се одвоени од родителите во рамките на политикатаз а ригорозни мерки против илегалните мигранти . Претседателот Трамп одненадеж во средата го потпиша указот со кој се прекинува ваквата практика.

Систематското разделување на децата од родителите кои илегално ја минале границата меѓу Мексико и САД предизвика негодување не само во Америка , туку и во светот.

Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

притисни ентер