Во Минхен исполнети сите капацитети за прифаќање на бегалци (видео)

Минхен целосно ги пополни своите капацитети за прифат на бегалците, кои масовно пристигнуваат во Германија, предупреди денеска локалната полиција, ден откако во овој град на југ од земјата пристигнаа над 12 илјади бегалци.

Во саботата ни пристигнаа вкупно 12.200 бегалци, а и денеска ги очекуваме во голем број.

Имајќи ги во предвид вчерашните бројки, многу е јасно дека сме дојдени до самите граници на нашите капацитети, изјави портпаролот на полицијата, Симон Хегенвалд.

Минхенските власти поставуваат шатори за сместување на бегалците, но предупредуваат дека нивните капацитети за прифат на луѓе кои, преку Австрија, пристигнуваат од Унгарија се речиси целосно исцрпени.

Покрај тоа, властите на баварската престолнина ги повикаа другите делови од Германија да им помогнат и да примат повеќе бегалци, а планирано е да се ангажираат три специјална железнички композиции со кои бегалците ќе бидат префрлени во другите градови.

Во меѓувреме, Унгарија соопшти дека вчера во земјата влегле рекордни четири илјади мигранти од Србија.

Од денеска на границата се распоредени и четири илјади војници, кои треба да и помогнат на полицијата во спречувањето на илегалните преминувања.

Излезноста до 17 часот повисока за девет проценти во однос на изборите пред пет години

Значително повисока излезност во споредба со претседателските изборите од пред пет години, покажува пресекот на резултатите што го направи Канал 5..

Јован Ѓорговски ја има анализата.. Јован, што покажуваат бројките?

Хамас објави видео од израелско-американски заложник

Хамас објави триминутно видео на кое наводно е прикажан 23-годишниот израелско-американски заложник Херш Голдберг-Полин.

На видеото, Голдберг-Полин го потврдува својот идентитет и бара од израелските власти да го вратат дома, а се гледа како му недостига дел од раката поради повреда за која се верува дека била предизвикана во нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година.

„Во заробеништво сум речиси 200 дена“, вели Голдберг-Полин во видеото, што укажува дека тоа е неодамна снимено, пренесува Тајмс оф Израел.

Голдберг-Полин беше киднапиран од забава организирана на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа.

Помалку од час до затворањето на гласачките кутии – мирен и без инциденти изборен круг

Од аналитичкиот центар на канал 5 одиме во скопско влае, каде, како и на три и пол илјади избирачки места привршува гласањето..

Сандра Спасовска ја имаме во живо.. Сандра, можеме ли да се процени - дали интересот за гласање попладнево е поголем отколку претпладнето..

притисни ентер