Бугарија им порача на мигрантите – нема леб кај нас

Бугарија смисли необичен начин како да ги одврати мигрантите - постави табла со која им порачува дека таа не земја во која тече мед и млеко.

„Драги мигранти, добредојдовте во Бугарија. Работа нема. Пари нема. Нема иднина. Вратете се назад. Ви благодариме“ - пишува на таблата, поставена на еден од граничните премини.

Иако нашиот источен сосед не е посакувана дестинација за мигрантите, Бугарија досега презеде низа мерки за да го спречи евентуалниот наплив бегалците на своја територија.

Филипче: По 40 години, целосно се реновирани двете гинеколошки операциони сали во специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" во Чаир

Во Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка Тереза" во Чаир првпат по четири децении се реновирани двете гинеколошки операциони сали. 

Станува збор за реконструкција на простор на површина од 420 м2, со целосно реновирање на двете постојни гинеколошки оперативни сали и воведување централен довод на гасови, како и целосно реновирање на одделот за реанимација и интензивно лекување, во вредност од 86.061.823 денари.

Паралелно со активностите за реконструкција и обезбедувањето нова медицинска опрема, во континуитет се врши и надополнување на кадарот и унапредување на експертизата на вработените. Во последните три години во болницата се примени вкупно 46 здравствени работници, од кои 11 доктори, 13 медицински сестри, пет акушерки и останат медицински и немедицински кадар. Исто така, се одобрени пет специјализации, две од областа на анестезиологија и по една за медицинска биохемија, болничка педијатрија и гинекологија и акушерство.

Значајна новина е и почнатата гасификација на котелот за парно греење во оваа јавна здравствена установа. Со години наназад, стариот котел беше загадувач во градот Скопје. И во услови на пандемија со Ковид-19 продолжува унапредувањето на условите во сите јавно-здравствени установи и подобра здравствена грижа за сите граѓани.

Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба

Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба.

Вонредната состојбата, која подразбира преземање посебни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, е на сила во Белград, Богатиќ, Владичин Хан, Лучани, Нови Пазар, Тутин, Крагуевац, Врање, Ивањица, Шабац, Чачак, Краљево, Ариље, Пожега, Ужице и Прибој.

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 289 нови случаи на коронавирус, во истиот период починале уште шест лица, на респираторни машини се приклучени 93 лица.

Вечерва во „Само вистина“ ќе гостуваат Мила Царовска и Тимчо Муцунски

Кој ќе го врати достоинството, а кој има „хоби“ да ветува?

Драги сограѓани, активисти, подржувачи и симпатизери, предизборната кампања на средина, реториката е се пожешка, „можеме“ или „обнова“, чија програма повеќе „допира“ до граѓаните да излезат на гласање среде пандемија, вечерва во Само Вистина гледајте го дуелот на носителот на пратеничка листа на прватата изборна единица од СДСМ Мила Царовска и кандидатот за пратеник во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцуски.

Кој ќе го врати достоинството, а кој има „хоби“ да ветува?

Кој ќе попушти пред барањето на ДУИ и заканата на Села за премиер Албанец, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

Царовска е „љубител“ на странски приватни фондови, а Муцунски и неговите ВМРО-ДПМНЕ ветуваат 25% зголемување на плати наредните 4 години. Има ли Македонија некој „скриен“ рудник на пари за ги реализираат фантастичните ветувања двете партии?

Или Минхаузен повторно ќе се превртува во гробот?

СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе остане во опозиција да си ја исправи „ставата“?

„Добивме 500-тини евра просечна плата“, се најавуваат и 600-тини, уште колку задолжувања може да „претрпи“ домашната каса?

Ќе ја добиеме ли на есен толку долгоочекуваната европска Влада, вечерва на најголемата политичка арена Само Вистина, Мила Царовска и Тимчо Муцунски, ексклузивн на Канал 5 Теевизија.

притисни ентер