Прифатниот центар за мигрантите кај Гевгелија ќе добие чиста вода

Прифатниот центар за мигрантите кај Гевгелија деновиве ќе добие чиста вода за пиење.

ЈКП,,Комуналец,,се заложи да направи инвестиција која ќе значи многу за сите кои секојдневно пристигнуваат таму.Околу 700 метри водоводна мрежа се донесени од градот до центар.

Ова комунално претпријатие не само што ќе овозможи чиста вода за пиее од градскиот вододвод,секојдневно вработени се на терен и одржуваат хигиена во прифатниот центар.Од комуналното претпријатие велат дека доколку се наложи, бројот на вработени ,кои ќе работат таму- ќе се зголеми.

Во периодот од 19.јули до денес до 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 64.522 странски државјани.Тие само транзитираат низ нашата држава а повеќе од 60 мигранти побарале азил за во Македонија.



Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба

Во Србија е прогласена вонредна состојба во 16 града и општини поради влошување на епидемиолошката состојба.

Вонредната состојбата, која подразбира преземање посебни мерки за да се спречи ширењето на новиот коронавирус, е на сила во Белград, Богатиќ, Владичин Хан, Лучани, Нови Пазар, Тутин, Крагуевац, Врање, Ивањица, Шабац, Чачак, Краљево, Ариље, Пожега, Ужице и Прибој.

Во Србија во последните 24 часа се потврдени 289 нови случаи на коронавирус, во истиот период починале уште шест лица, на респираторни машини се приклучени 93 лица.

Вечерва во „Само вистина“ ќе гостуваат Мила Царовска и Тимчо Муцунски

Кој ќе го врати достоинството, а кој има „хоби“ да ветува?

Драги сограѓани, активисти, подржувачи и симпатизери, предизборната кампања на средина, реториката е се пожешка, „можеме“ или „обнова“, чија програма повеќе „допира“ до граѓаните да излезат на гласање среде пандемија, вечерва во Само Вистина гледајте го дуелот на носителот на пратеничка листа на прватата изборна единица од СДСМ Мила Царовска и кандидатот за пратеник во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцуски.

Кој ќе го врати достоинството, а кој има „хоби“ да ветува?

Кој ќе попушти пред барањето на ДУИ и заканата на Села за премиер Албанец, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?

Царовска е „љубител“ на странски приватни фондови, а Муцунски и неговите ВМРО-ДПМНЕ ветуваат 25% зголемување на плати наредните 4 години. Има ли Македонија некој „скриен“ рудник на пари за ги реализираат фантастичните ветувања двете партии?

Или Минхаузен повторно ќе се превртува во гробот?

СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе остане во опозиција да си ја исправи „ставата“?

„Добивме 500-тини евра просечна плата“, се најавуваат и 600-тини, уште колку задолжувања може да „претрпи“ домашната каса?

Ќе ја добиеме ли на есен толку долгоочекуваната европска Влада, вечерва на најголемата политичка арена Само Вистина, Мила Царовска и Тимчо Муцунски, ексклузивн на Канал 5 Теевизија.

Владата попладне ќе одржи седница

 Владата на Република Македонија попладне во 15 часот ќе одржи седница.

Од владината прес-служба информираат дека седницата ќе се одржи преку видео-конференциска врска, а за заклучоците ќе биде информирана јавноста преку соопштение. бак/дма/

притисни ентер