Прв Меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад“.

18 врвни филозофи од универзитети од Русија, Грција, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Македонија како и нивни колеги од Универзитетот од Оксфорд, зедоа учество на првиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – запад“, кој се одржува во земјава.

Организатори на овој симпозиум се Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот Славјански Универзитет во Св. Николе и Филозофското друштво на Македонија.

Присутните филозофи велат дека ваквите средби се од исклучително значење за науката, а особено за младите колеги.

Темата на тридневниот симпозиум е со наслов „Науката и религијата“.

Од Славјанскиот Унверзитет велат дека целта на ваквите настани е да се даде позначајно место на физлофијата, што би можело да резултира со формирање на филозофска катедра.

Првиот меѓународен филозофски дијалог започна вчера со сесија во Скопје, денеска продолжи на Меѓунардниот Славјански Универзитет во Св. Николе, а последните дискусии ќе се одржат утре во Охрид.

Едно лице загина во судар на македонски камион и автомобил во Бугарија

 Едно лице загина по судар на македонски камион кој превезувал руда од рудниците за олово и цинк „Саса" и автомобил „опел" кај местото Зелен Дол во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.

Инцидентот, како што јавуваат повеќе бугарски медиуми, се случил кај местото Зелен Дол синоќа околу 20 часот, на патот Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево, на кружниот тек кој се вклучува на автопатот Струма.

Од ударот загинал возачот на автомобилот, а во несреќата од резервоарот на камионот истекло големо количество гориво. Сообраќајот на патниот правец III-106 Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево во атарот на село Зелен дол, поради несреќата бил времено ограничен во двата правци.

Град Скопје: Сите булеварите и улиците под градска надлежност се чисти и проодни

Сите булевари и улици под  Град Скопје се чисти и проодни, од почетокот на врнежите на снег фрлени 300 тони сол.

Екипите на зимската служба од ноќеска и утрово се на терен и ги чистат булеварите и улиците под надлежност на Градот, и тие се чисти и проодни. Од почетокот на врнежите на снег до сега се фрлени 300 тони индустриска сол.

Чистењето на сообраќајниците и тротоарите го вршат екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“, на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија. Покрај чистењето на сообраќајниците, активни се и тимовите и на преостанатите градски јавни претпријатија кои интервенираат со луѓе и со механизација во чистењето на јавните површини, расчистување на паднатите дрвја и на сливниците.

И во текот на денешниот ден продолжуваат активностите на зимската служба кои будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите, согласно со условите на теренот.

Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека индустриската сол има ефект до - 7 степени Целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот.

Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

Град Скопје

ЈП Комунална Хигиена- Скопје: Спроведена активност за рачистување на снегот

Во координација со Градот Скопје, ЈП Комунална хигиена-Скопје со 30 работници на терен спроведува активности за чистење на снегот и мразот на скопските булевари и улици.

Екипите на Претпријатието го расчистуваат и централното градско подрачје, плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, како и Старата чаршија. Се расчистува реонот околу Градската болница, Државната болница, Владата и Собранието на РМ, а континуирано се посолуваат пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев“, и „Слобода“, како и пешачките мостови во централното градско подрачје, со цел да се овозможи безбедно и проодно движење на пешаците.

Од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила- мултикултиватори и патарки за расфрлање на сол. Во согласност со временските услови и потребата на терен, активностите ќе продолжат и во текот на целиот ден и вечерните часови.

притисни ентер