Македонија повторно подобра од Израел, какви се шансите за Евробаскетот?

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја продолжи победничката низа во подготовките за Европското првенство , што ќе се одржи идниот месец . Во четири дена по втор пат совладана е селекцијата на Израел.
За текот на подготовките  на нашата најдобра репрезентација во Дневникот на канал 5 , Зоран Цветановски разговараше со селекторот Марјан Србиновски.

Репрезентацијата е во рана фаза од подготовките но засега се оди добро, денеска е победен Израел со 69-64?

-Секако дека е рана фаза , но мислам дека има елементи во играта и однесувањето на репрезентативците кои треба да не радуваат на овие почетни натпревари. Кај играчите се гледа желбата да го дадат максимумот, волјата исто така е на завидно ниво. Само со таков пристап можеме да направиме нешто. За почеток сум задоволен од тоа како течат подготовките , мислам дека сега е рано да се зборува за нешто поголемо, истакна селекторот Марјан Србиновски.
Во видеото погледнете го целиот разговор.


Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

Полицијата упадна во станот на телохранителот на францускиот претседател

Канцеларијата на обвинителството во Париз соопшти дека истражувачите влегле во станот на еден од главните телохранители на францускиот претседател Емануел Макрон.

Тие влегле во станот на телохранителот кој во мај е снимен како претепува демонстрант.

Елисејската палата го отпуштила телохранителот на Макрон, Александар Бенала пред полицијата да упадне во станот во париското предградие Иси-ле Молино.

Тој од страна на дневниот весник Монд беше идентификуван како човекот со полициски шлем кој на протестите на 1 мај тепал демонстранти. Тој и уште едно лице од утре ќе бидат под надзор на полицијата и им се заканува подигнување на обвинение.

Учеството на Бенала во претепувањето за Макрон стана најголемата политичка криза од почетокот на неговиот мандат минатата година.

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Коломб следната недела во парламентот ќе одговара на прашања, за да се утврди дали дошло до пропуст на владата.

притисни ентер