Привршува обновата на железничката станица во Скопје

Скопската железничка станица во октомври ќе добие модерен лик.
Речиси 80% од предвидената реконструкција е завршена. Два нови лифта, гранитни плочки, два нови ескалатори, а сеуште се работи на централната контролна соба и билетарниците.

Ќе биде воведен Патнички информациски систем кој за патниците ќе обезбеди информации кои се однесуваат на нивното патување преку ЛЕД информативни табли, часовници, ЛЦД екрани и разглас, вели министерот за транспорт Мисајловски. 

Реконструкцијата чини 2,4 милиони евра. 85% од средствата се обезбедени преку ИПА Фондовите, останатите се буџетски средства.

Пред еден месец стартуваше реконструкцијата на 10 железнички станици од Коридорот 10. Прилепската железничка станица е прва која ќе се рехабилитира. Проектот со кој овие железнички станици ќе добијат нов модерен изглед ќе чини 2,5 милиони евра.

Кацарска: Во оваа фаза од процесот Нинџа не може да прави спогодби со судот

Судијката Добрила Кацарска, која е судечки судија во случајот за настаните од 27 април во Собранието вечерва не сакаше да го коментира приведувањето на дел од лицата кои се сомничат дека се организатори на крвавиот четврток.

– Не би можела ништо да коментирам бидејќи тоа е предмет кој го работи Обвинителството, изјави вечерва Кацарска.

Одговарајќи на новинарски прашања, Кацарска рече дека Александар Василевски-Нинџа во оваа фаза од процесот не може да прави спогодби со судот.

– Со судот не може да се спогодува. Се знае кога може обвинетиот да прави спогодба пред суд. Со мене во никој слуај, на крај на завршни зборови сме. Не станува збор да прави било каква спогодба. Дали со обвинителството има било каков договор, не би можела да коментирам, истакна Кацарска. 

Јункер со фластер: Сам се исеков , нема врска со Меј (ВИДЕО)

Претседателот на Европската Комисија , Жан Клод Јункер се појави со фластер на лицето на прес конференцијата по средбата со британската премиерка Тереза Меј.

Претседателот на Европската Комисија по средната со британската премиерка Тереза Меј мораше да им објасни на новинарите дека фластерот на лицето не му е повреда од средбата со неа , туку дека се исекол утрово додека се бричел.

Тој во негов стил рече дека не смее да се протолкува дека фластерот го носи поради повреда што му ја направила Меј.

Денеска британската премиерка се обидуваше да најде решение од ќорсокакот во кој се најде откако Парламентот одби да го прифати нејзиниот план за излез од Европката Унија , а рокот за Брегзит со усвоен договор е 31 март.

„Само Вистина“ со Петар Богојески и Сафет Бишевац

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Петар Богојески и Сафет Бишевац

Сафет Бишевац: „Гром од ведро небо, но Трајко не е било каква фигура во ВМРО-ДПМНЕ, тој одигра клучна улога во 2012 година и тогашниот државен удар.“

Петар Богојески: „Верувам во правната држава, треба да се искористат сите правни механизми да го расветли случајот 27-ми Април.“

Петар Богојески: „СДСМ влезе во процес со ДУИ за т.н. „консензуален кандидат“, но прво треба да објаснат на јавноста што е тоа консензуален кандидат. Сиљановска е шанса за Мицкоски да покаже што знае.“

Сафет Бишевац: „Заев мора да понуди многу повеќе од вербални ветувања, факт е дека од реформите има само „Р“. “

Петар Богојески: „На овие претседателски избори мора да се понуди квалитетна дебата, без навреди и лични квалификации, со промоција на вредности и програмски определби.“

Сафет Бишевац: „Не сакам да верувам дека овие избори може да го променат начинот на избор на претседател, наместо на избори да биде во Собранието, но затоа ни треба човек кој ќе ги претставува сите граѓани и ќе говори од името на сите.“

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само вистина"

притисни ентер