Во угостителски објекти во Битола УЈП откри алкохол со сомнително потекло

Управата за јавни приходи во Битола откри алкохол со сомнително потекло. При контрола на угостителски објект спроведена минатата ноќ, од страна на инспекциските служби откриен е алкохол со сомнително потекло.

Алкохолот бил без бандероли поради што биле повикани мобилните царински служби за понатамошно постапување и преземање на мерки.

Исто така при контрола во два малопродажни објекти даночните инспектори откриле неправилности во финансиското работење, односно неиздавање на фискални сметки.

Сопствениците на дуќаните се казнети со парични казни, а добија и времена забрана за вршење на дејност од 15 дена.

УЈП соопшти дека во наредниот период особено ќе се фокусира на проверка на работењето на деловни објекти во туристичките центри, со цел превенција од појава на финансиски малверзации и од потенцијален даночен ризик кај определени дејности кои се особено активни во овој период од годината.

ДИК со последни подготовки пред утрешниот изборен ден

Речиси 7.000 болни и изнемоштени лица, затвореници во казнено-поправните домови и лица во притвор, во старски домови и наши државјани во странство, гласаат денеска, ден пред утрешните претседателски избори. 

Од Државанта изборна комисија соопштија дека се ореземаат сите чекори утрешниот изборен ден да помине во најдобар ред. Пред ДИК е Андријана Лазова.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Ден пред изборите гласаа и затворените и притворени лица, како и оние во домовите за стари лица

Без никакви проблеми тече гласањето во затворите во Македонија, пред утрешните претседателски избори во земјава.

Првиот човек на КП Дом Идризово истакна дека гласањето почнало навреме и се надева дека до 19 часот поголем дел од затворениците ќе го искористат своето право на глас.

Директорот Јовановски исто така истакна дека женското одделение завршило со гласањето и своето право на глас го искористиле 80 отсто од затвореничките.

-Од пријавени 1084, 887 затвореници имаат право на глас. Досега имаме околу 20 отсто излезеност. Имаме ние воспоставено динамика на гласање, така да мислам дека до 19 часот ќе излезат поголем процент на гласачи. - Зоран Јовановски – директор на КП Идризово

Инаку, освен затворениците, денеска гласаат болни и изнемоштени и лица во старски домови.

Процесот се одвива без никакви неправилности и во најдобар ред, информираат од општинските изборни комисии.

-На територијата на Кисела Вода, за денешно гласање имаме пријавено 41 болно и немоќно лице, кои ќе гласаат во својот дом и 46 лица коишто гласаат во три старечки домови.- Татјана Алексовска - Сапунџиоска ОИК Кисела Вода

-На територијата на О. Центар има пријавно 23 лица, болни и изнемоштени, каде треба да се гласа на нивните домашни адреси. Во текот на денот вршиме достава на избирачкиот материјал до избирачките одбори и тие се должни да го спроведат гласањето во нивните домови.- Живко Мијовски ОИК Центар

Во своите домови гласачкото право ќе го остварат 6.935 граѓани кои се пријавиле како болни или немоќни.

Инаку, право на глас на овиее избори имаат 1.814.317 гласачи, кои ќе гласаат на 3480 избирачки места во целта земја.

Македонија утре ќе гласа на седмите претседателски избори

Вкупно 1 814 317 македонски граѓани имаат право на глас на седмите по ред претседателски избори во државата. 

Гласањето зе иден шеф на државата ќе се одвива на 3 480 избирачки места низ Македонија. Според упатството за гласање објавено од ДИК на шест јазици – македонски, албански, српски, турски, ромски и влашки јазик гласачите гласаат лично и тајно со заокружување на редниот број пред називот на кандидатот со хемиско пенкало во сина боја, по претхдона биметриска идентификација, потпис во единствениот Избирачки список и приложување на личен документ....

Веројатноста да се избере шеф на државата во првиот круг е само теоретска – бидејќи еден од седумте претедателски кандидати ќе треба да освои мнозиство од вкупниот број избирачи, односно над 900.000 гласови. Во првиот круг од гласањето не е потребно исполнување на цензус, а во вториот круг се пласираат двајцата кандидати кои освоиле најмногу гласови во првиот круг. За да биде избран претседател на Републиката потребно е едниот од нив да освои мнозинство гласови од избирачите кои изглегле на гласачките места, под услов излезноста да е над 40 проценти, односно над 725.000.

На претходните 6 изборните циклуси, условот беше исполнет, иако на некои од нив беше блиску до границата... Цензусот од најмалку 40 проценти е обезбеден на сите претседателски избори досега.

Во 2019 година излезноста во вториот круг била 46.65 проценти, во 2014 година - 54.36 %. Во 2009 година излезноста била најмала 42,61 процент. А најголема излесност имало на првите непсоредни претседателски избори по независноста во 1994-та кога на гласачките места излегле 77.4 проценти од запишаните избирачи.

Вториот круг од претседателските избори е закажан за 8-мај и ќе се одржи заедно со парламентарните избори.

Излезност на претседателски избори (втор круг):

2019 година - 46.65 %

2014 година - 54.36 %

2009 година – 42.61 %

2004 година - 53.6 %

1999 година - 69,1 %

1994 година - 77,4 %

притисни ентер