Билд предлага план за Меркел: На Грците ќе им простиме половина долг и ќе ги исфрлиме од еврозоната

Најтиражниот германски венсик Билд објавува план во пет точки со кој Меркел би требала да настапи на состанокот во Брисел – првата точка е исфрлање на Грција од еврозоната. Весникот на насловната страница ја има Мерекл со шлем и наслов - Денеска ни треба железна канцеларка.
Под ваков голем притисок од медиумите и јавноста дека треба да биде остра со Грција -  Меркел заминува на соостанокот на кој ќе се одлучува за судбината на Грција – ситуација која и го стеснува просторот  за договор со Ципрас.

Германија  предупредува на потенцијалната опасност од пропаѓање на еврото доколку на грчката делегација премногу и се попушти посебно во строгите мерки за штедење.

За ваквиот свој став денеска беше остро критикувана од претеседателот на Европската комисија Јункер на заседанието на Европскиот параламент во Стразбург кој ја обвини дека сака исфрлање на Грција од еврозоната по секоја цена.

- Некои отвроено или прикрино работат на исклучување на Грција од еврзоната. Грците  е голема нација и да се исфрлат од еврозната или дури и од ЕУ е нешто што никој не треба да го посакува - рече Јункер.

Тој иако директно не спомена кому му се обраќа зборувајќи на германски јазик пораката јасно  ја упати до германскиот министер за финансии Шојбле.

Од друга страна нејзините европски партнери  како Франција очигледно сакаат договор со Грција и се подготвени на отстапки. Но Меркел има и свои подржувачи – холандскиот премиер чиј министер за финасии раководи со еврозоната изјави дека без реформи Грција треба да се прости од еврото.
Мгс тон Мгс тон марк рут премиер на холандија

- Нашата позиција за Грција е дека се потребни реформи. Тие мора да штедат пари за да заздрават економијата на долг рок но тие бегаат од тоа свикувајќи рефрендум и прекинувајки ги преговорите. Тоа не може така - вели Марк Рут, премиер на Холандија.

Во ваков амбиент Ципрас и новиот министер за финансии најавиваат дека ќе бараат намалување на долгот за 30 проценти. Во првата изјава дадена по изборот грчкиот министер за финаниси изјави дека нема договор по секоја цена.

- Грција нема да се согласи на неспроведлив договор со кредиторите, изјави грчкиот министер за финансии Евклид Цакалотос.

Засега никој со сигурност не може да го предвиди развојот на настаните. Грчките банки се уште не се отворени а светските медиуми во анализа за еконосмкото рпопагање на Грција откриваат детали за неверојатните даночни и други измами поради кои државната каса била пустошена. 

Еден од најлудите примери е „островот на слепите“. Станува збор за островот Закинтос, каде од  680 жители дури 498 биле регистрирани како слепи – што носи парични бенефиции – 724 евра помош секој втор месец, како и попусти на разни нешта.  Слична била и ситуацијата со инавлидите и со пензиите ...



Ердоган на прагот на сигурна победа

На речиси една петина од изброените гласови , Реџеп Таип Ердоган има освоени скоро 60 проценти.

Според првичните резултати од изборите , кои се одржаа во Турција , актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган засега убедливо води со 59,99 проценти од гласовите на една петина од преброените ливчиња.

Неговиот главен противкандидат , Мухарем Инче освоил 25,8 проценти .Гласачките кутии беа затворени во 17 часот по локално време и се очекува вечерва да бидат познати резултатите од предвремените претседателски и парламентарни избори .

Аналитичарите предвидуваат победа на Ердоган со околу 45 до 55 проценти од гласовите.

Се удави Полски наутичар во Јадранското Море

Хрватските поморски власти попладнево го најдоа телото на полскиот наутичар , исчезнат во близина на Риека.

Во 7 часот утрово било пријавено дека е исчезнат Полски наутичар од едрилицата ,,Левант “ , на која имало уште десетмина туристи од Полска. По интензивна потрага телото на 67 годишниот наутичар било најдено во близина на островот Угљен . Го здогледал рибар од чамец и пријавил во спасувачката служба.

Членовите на едрилицата биле задржани во полицијата во Ријека на распит.

Истрагата ќе покаже како и зошто телото на искусниот наутичар се нашло во море.

Макрон од мини самитот на ЕУ : Не примаме лекции од други

Во Брисел се одржува мини самитот  на ЕУ , на кој лидерите на 18 земји членки решаваат за мигрантската криза.

Пред почетокот на самитот францускиот претседател Емануел макрон изјави ека не прима лекции од други земји , алудирајќи на изјавите на државниот врв на Италија , каде и новиот премиер Конте и неговиот заменик Ди Мајо го нарекоа ,,човек без допирни точки со реалноста”.

,, Ние никогаш не забораваме кои се нашите вредности. Тоа во овој момент е неприфатливо .” изјави Макрон пред почетокот на мини самитот. Проблемот настана откако голем број земји членки на ЕУ одбија да ја споделат одговорноста за мигрантите за да им помогнат на земјите кои се најмногу погодени , како Грција и Италија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте кусо изјави дека ќе го претстави својот план за решавање на проблемот. Канцеларката Меркел се надева дека лидерите ќе се договорат како меѓусебно да си помагаат без да треба за тоа одлука од сите 28 членки на ЕУ.

Таа рече дека не очекува денеска да се постигне целосен договор , со оглед на фактот дека истата тема ќе биде во фокусот на формалната средба на сите лидери на земјите членки на ЕУ на 28 и 29 јуни.

притисни ентер