Исламската држава убила 3000 лица во Сирија за година дена

Сунитските екстремисти од ИСламската држава погубиле најмалку 3000 луѓе во Сирија, воглавно цивили, откако прогласија калифат во Сирија и Ирак, соопшти денеска сириската опозициона Опсерваторија за човекови права. Според наводите на таа невладина организација, погубени се точно 3027 лица од 29 јуни 2014 година. Меѓу убиените има 1787 цивили меѓу кои 74 деца.
Преставниците на сунитското племе Шаитат претставуваат скоро половина од цивилните жртви. ИСламската држава убила 930 припадници на тоа племе во Деир Езор, на истокот од СИрија.

Меѓу жртвите се и цивилите неодамна убиени во Кобане градот на границата со Турција, каде исламистите биле кратко откако ги протераа курдските сили.

Исламската држава оваа недела погубила 223 лица, наведува опсерваторијата и додава дека се убиени 143 џихадисти обвинети за шпионажа и дезертирање.


Седуммина полицајци повредени во насилните протести пред Собранието

Седуммина полицајци се повредени и тројца цивили се приведени во насилните протести пред Собранието на Македонија, јави МИА повикувајќи се на полициски и болнички извори.  

Екипа на Итната медицинска помош интервенираше вечерва поради повредени лица во насилните протести што се одржаа пред Собранието. Возилото е се уште на местото на протестите, но засега нема информации за број на повредени граѓани.

Медицинскиот тим интервенирал по барање на полицијата.

Македонската полиција со солзавец растера насилни демонстранти пред Собранието кои протестираа незадоволни од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство потпишан денеска во Псарадес.

Демонстрантите фрлаа кон полицијата шок-бомби, пиротехнички средства и камења. Полицијата возврати откако дел од нив ја турнаа заштитната ограда и се обидоа да влезат во Парламентот.

Протестот беше организиран преку социјални мрежи. /МИА

Утре променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето утре променливо облачно на повеќе места ќе дува засилен северен ветер. Попладне ќе има нестабилност со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 7. Минималната температура од 11 до 18 а дневната највисока температура на воздухот

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со повремено засилен северен ветер. Температурата од 16 до 31 степен.

Во вторник се очекуваат повремени врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со грмежи, особено попладнето. Во среда како и во следните два дена ќе биде  сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за појава на краткотраен дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст, освен во вторник кога  ќе опаднат за неколку степени. /УХМР

Демонстранти фрлаат шок-бомби и камења врз полицијата пред Парламентот на Македонија

Шок-бомби и камења фрлаат дел од учесниците на вечерашниот протест  кон полицијата поставена пред Собранието на Македонија. 

Полицијата возврати со солзавец при што растера дел од учесниците во протестот. 

Протестот се одржува поради незадоволство од Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство.

Протестот е организиран преку социјални мрежи. 

Насобраните граѓани се обидуваат насилно да го пробијат полицискиот кордон и да влезат во Парламентот. 

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас денеска во Псарадес ги ставија своите потписи на договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и стратегиско партнерство, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.

На церемонијата присуствуваа високи претставници на ЕУ, на ОН и бројни новинари. Двајцата премиери меѓусебно се нарекоа пријатели, оценувајќи го потпишувањето на договорот како историски ден. /МИА

притисни ентер