Проектот „Македонија вработува“ дава резултати

Барателите на работа и компаниите го поздравуваат проектот Македонија вработува.

Првите побрзо добиваат работа, а вторите олеснувања при вработувања на нови лица. Со мерките, компаниите го зголемуваат бројот на вработени. Една од нив е скопска компанија за консалтинг која досега има вработено 10 лица преку владиниот проект.

„Со новите мерки за проектот “Македонија вработува“, нашата компанијата за месец дена има десет вработени во две категории, до 29 години и до 35 години едно лице, за нас како фирма мерките се многу добри од причини што ни даваат поволни услови за да вработиме нови лица, како и лица до 35 години кои биле активни баратели на работа, нашата компанија добива можност да дојде до момент да се ослободи од давање на придонесите , ги намалува давачките со исплата само на нето плата. Нововработени во самата компанија, лицата што се млади имаат перспектива, на нашата компанија и треба каков кадар“ изјави Ивица Петковски, Хидра Консалтинг.

„Мерката мене ми помогна да го скратам времето за барање на работа и сметам дека оваа мерка има позитивно влијание за луѓето кои бараат работа, две години бев активен баратен на работа и со оваа мерка се намали времето за барање работа“ изјави Александар Димниќ, референт за сметководство во Хидра Консалтинг.

Компаниите ги користат мерките и за вработување на лица постари од 50 години. Сметководствено биро од Битола “Проектот го искористив за вработување на сметководител од 50 до 58 години, а бенефитот е тоа што ќе го искористи овој проект до пензија, сметам дека овој проект е многу добар и за фирмата и за вработените на кои им се потребни бенефиции, искористивме и претходно и други проекти, фирмата постои едната 6 години постои, а втората од јануари преку која го искористив вработувањето и тука имам вработување до 29 години“ изјави Наташа Лукиќ, сметководствено биро А – НАКАУНТ- Битола.

Вработивме три лица, проектот е добар, а инаку 50 имаме вработени, ни помогна проектот да можеме да набавиме репроматеријали. Вакви проекти да се прават почесто оти е добро за приватниот сектор.

„Невработен бев повеќе од 20 години, пред месец дена ја видов рекламата Македонија вработува, а по препорака на соседите успеав да најдам работа во една штипска фирма, задоволен сум од работата и од фирмата“ - изјави Томе Ласков 61 годишен од Штип.


Снимен е ужасниот момент на судирот на два хеликоптери во Мелезија- нема преживеани (ВИДЕО)

Во Малезија дошло до страшен судир на два хеликоптери во воздух при што животот го загубиле десет лица, а несреќата се случила околу 09:30 часот по локално време.

Страшната несреќа се случила за време на тренинг вежба во поморска база во северната држава Перак, на околу 100 милји од главниот град Куала Лумпур.

Во несреќата учествувале поморски оперативен хеликоптер АВ139, со седум членови на екипажот, и морнарички Фенек, со тројца членови на екипажот.

На видеото се гледа како главното сечило на еден од нив удира во високиот ротор на другиот. Делови од двата хеликоптери, се видени како паѓаат на земја, додека и двата се урнаа.

На лице место пристигнале и противпожарните служби кои го изгаснале пожарот, а по гаснењето останало куп јагленисан и извиткан метал.

Ништо не можело да се направи за да се спаси екипажот и сите 10 лица беа прогласени за мртви на местото на настанот.

„Потврдена е смрт на сите на местото на настанот“, се вели во соопштението на морнарицата, додавајќи дека посмртните останки се испратени во болница за идентификација.

Министерот за одбрана Мохамед Калед Нордин изјави дека во тек е идентификација на загинатите членови на екипажот, кои се на возраст под 40 години.

Локалните медиуми објавија дека AV139 удрил во спортскиот комплекс на базата, додека Fennec удрил во блискиот базен.

Морнарицата соопшти дека ќе започне истрага за да се утврди што ја предизвикало несреќата.

Силен земјотрес ја погоди Португалија, нема информации за жртви

Многу силен земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Португалија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Азорските острови, на длабочина од десет километри.

Засега нема информации за жртви или материјална штета.

Успешна мисија на кинески сателити- направија неверојатни снимки од Земјата и Месечината (ФОТО)

Лунарните кинески сателити - Кеџиао-2, Тијанду-1 и Тијанду-2 - започнаа со комуникациски и навигациски тестови за идните мисии.

Тие на командата ѝ испратија и исклучително интересна фотографија од Месечината со Земјата во позадина, пишува LiveScience.

Сите три сателити беа лансирани со ракета-носач Long March 8 на 19 март, а влегоа во орбитата на Месечината на 12 април.

- Националната вселенска администрација објави дека сателитите кои орбитираат околу Месечината, изградени од Кинеската академија за воздушна наука и технологија ги завршија комуникациските тестови на орбитата. По проценката, сателитите функционираат нормално и извршуваат задачи на мисијата. Тие можат да овозможат комуникации за четвртата фаза од проектот за истражување на Месечината. Мисијата е полн погодок – изјавија од кинеската вселенска агенција CNSA.

Во последните 20 години, Кина посвети многу внимание на лунарната програма, па во 2007 година стана третата земја што слета вселенско летало на Месечината (по САД и СССР) и прва што го сторила тоа во 21ви век. (Минатата година тоа беше направено од Индија, а оваа година од Јапонија.) CNSA планира да испрати уште неколку сонди на површината на Месечината, а потоа да испрати човек до сателитот на Земјата во текот на следната деценија.

притисни ентер