Јапонците со ласер ќе го чистат отпадот во вселената

Научната фантастика секогаш била повод за создавање на футуристичка опрема, но Јапонците тргнаа во еден сосем поинаков правец.
Контрирале силен ласер со чија помош треба да се исчисти Земјината орбита од насобраниот отпад. Над орбитата моментално се наоѓаат околу 3000 тони отпад, што можеме да го споредиме со 1500 автомобили.

И најмалиот дел претставува опасност за секој сателит, но и за идните патувања во вселената. Самиот ласер во почетокот беше слаб, но здружението на јапонските истражувачи „RIKEN” сака да го монтира на телескоп вграден на Меѓународната вселенска станица (ISS).

Бидејќи е конструиран брзо да открива било каква трага на светлина, лесно може да го воочи и најмалиот предмет од кој се одбива светлина. Исто така од истражувачкиот центар би направиле и ласерски топ кој брзо и лесно би го чистел отпадот. Иако идејата можат многу брзо да ја остварат, сепак чекаат политичка одлука од светските влади.

„Сите денеска се плашат од наоружување во вселената. Мислат дека, доколку се решиме од отпадот, тогаш многу лесно може да се префрлиме и на функционалните сателити“ – изјави Дон Кеслер од НАСА.

Сообраќајот кај Мамутчево се одвива наизменично

Сообраќајот на патот Велес - Штип попладнево се одвива наизменично поради сообраќајната несреќа кај село Мамутчево,  соопшти  Автомотосојузот на Македонија. 

Сообраќајката се случи денеска попладне околу 13:20 часот на излезот од велешкото село Мамтучево. Се судрија камион и автобус кој превезувал работници од Велес. Повредени се 20 работници. 

Сите биле прегледани во  Општа болница Велес. Кај осуммина биле утврдени полесни телесни повреди и тие  се хоспитализирани во болницата. Останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување. 

Промоција на Охридско Езеро како безбедна дестинација за авантуристички туризам

 Набавена е специјализирана опрема за спасување на вода и планина во рамки на проектот „Охридско Езеро-безбедна дестинација за авантуристички туризам“ што ќе биде промовиран денеска во Охрид.

Проектот е финансиран од ИПА Програмата на ЕУ за прекугранична соработка, а кофинансиран од  Министерството за локална самоуправа.

На настанот ќе присуствуваат министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски и претставникот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Никола Бертолини.

Почна работната акција „Скопје на нашите дланки“

Почна работната акцијата „Скопје на нашите дланки“ по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во главниот град.

Почетокот го означи градоначалникот на Гази Баба Борис Георгиевски, кој е и претседател на одборот на акцијашите. Со негова поддршка се реализира настанот, кој е во организација на здружението на граѓани „Акцијаши - Скопје“.

Од денеска па се до 26 јули, во периодот од 8 до 12 часот, ќе се уредува просторот во студентскиот кампус и факултети во општина Гази Баба. Почетокот е од ова место затоа што акцијашите по земјотресот во 1963 го имаат изградено студентскиот дом „Стив Наумов“ во една од работните акции за обнова на градот Скопје.

Учествуваат голем број акцијаши од Македонија, но и од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, кои во Скопје пристигнаа со воз.

Целта е акцијашите заеднички да придонесат во расчистувањето на Скопје, а со тоа и младите да продолжат по стапките на возрасните.  Здружението „Акцијаши“ ќе одбележи уште два големи јубилеја на доброволното младинско работно ангажирање - 70 години од работната акција за изградба на браната и хидроцентралата „Вруток“ - „Маврово 48“ и 40 години од изградбата на автопатот „Братство и единство“. 

притисни ентер