Поповолна економската состојба во преработувачката индустрја

Економската состојба во фирмите од преработувачката индустрија и бројот на вработените во април во однос на март годинава, како и споредено со април лани, е поповолна, покажува оценката на раководителите на фирмите.
Според податоците од Државниот завод за статистика,  индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април во однос на март годинава е за 0,1 процентен поен поголем во однос на претходниот месец, а во однос на април лани е зголемен за 3,5 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2015, во однос на март 2015 година, е поповолна, залихите на готови производи сe зголемени, а очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април годинава изнесува 63 проценти од нормалното искористување. Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат недоволната странска побарувачка со 25,3 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 25,3 проценти, недоволната домашна побарувачка со 24 проценти и финансиските проблеми со 5,8 проценти. /МИА

Трамп сака да ја повлече американската војска од Германија

Градоначалникот на баварското гратче Графенвер , Едгар Кноблох , каде се наоѓа едно од најголемите центри на американската војска во Европа , денеска рече дека не верува дека Трамп ќе ги оствари своите закани и ќе ја повлече војската од Германија.

,,Тука никој не верува во тоа. Секогаш се појавуваат вакви гласини.”, изјави градоначалникот.  

Тој истакна дека неодамна е зголемен бројот на војници и дека се изградени дополнителни инфраструктурни објекти како што се училишта и работилници за одржување на воена опрема.

Над 10.000 американски војници беа стационирани во градот и околината, некогаш лоцирани во близина на границата со поранешна Источна Германија. Американската воена база е исто така најголемиот работодавец во регионот и вработува над 3.000 германски цивили.

Кноблох исто така изрази загриженост во врска со повторните закани на американскиот претседател Доналд Трамп дека, според него, Германија плаќа премалку во заедничкиот буџет на НАТО, па затоа ќе ги повлече трупите од Германија и ќе ги пренесе во Полска.

Пред посетата на Доналд Трамп во Европа и посетата на Полска, Вашингтон ги потврди своите размислувања за евентуално пренесување на дел од трупите од Германија кон Полска.

Пред посетата на Трамп на Полска, полскиот премиер Матеуш Моравиецки рече дека ќе се отвори воена база на САД во Полска, но се спротивстави на затворањето на базите во Германија.

На аеродромот во Сан Франциско веќе не се продава вода во пластични шишиња (ВИДЕО)

На аеродромот во Сан Франциско веќе нема пластични шишиња.

Патниците , кои ќе сакаат да се напијат вода, ќе пијат од специјално направени фонтани , да понесат со себе шише за повеќекратна употреба или на самиот аеродром да купат стаклено или метално шише.

Поточно, аеродромот во Сан Франциско на своите списоци за ограничена храна ги додаде и пластичните шишиња за еднократна употреба, како дел од нејзините напори да стане првиот аеродром со нулта пластичен отпад до 2021 година. Според непрофитната организација Зеро отпад алијанса, нулта ниво значи дека најмалку 90% од отпадот се рециклира или се компостира.

На споменатиот аеродром продажбата на прочистена, газирана или минерална вода во пластични шишиња е официјално забранета. Ова значи дека продавачите, вклучително и автоматските машини, веќе не можат да продаваат или испорачуваат бесплатна вода во пластично шише, кутија, корпа или друг сад за еднократна употреба од 1 литар или помалку.

Продавачите ќе можат да понудат садови  за вода од алуминиум, стакло или биоразградлива материја , а патниците ќе можат да донесат со себе празно пластично шише или стаклено за еднократна употреба што ќе можат да го наполнат со вода на околу сто бесплатни славини.

Мигрант спиел на пруга и бил прегазен од воз во Грција

Грчката полиција го пронашла безживотното тело на мигрантот кој го прегазил воз во близина на границата со Турција.

Полицијата наведува дека мигрантот најверојатно заспал на шините. Друг мигрант од Ирак кој успеал на време да се тргне од шините, и рекол на полицијата дека прегазениот маж спиел на пругата.

Се ова се случило вчера во близина на селото Апалос, недалеку од Александрополис, на северистокот од земјата, пренесува „AP“.

Преживеаниот мигрант и рекол на полицијата дека и двајцата влегле во Грција преку копнената граница со Турција.

притисни ентер