Барбиката од Украина воопшто не се разликува од куклата - тврди се е природно освен градите!

Украинката Валерија Лукјанова може да ги уплаши оние што ќе ја сретнат бидејќи нема да знаат дали гледаат жива жена или кукла!

29 годишната манекенка, откако „го среди“ лицето, напорно вежбала да направи стомачни мускули и да ја истенчи половината. Со долгите нозе кои и ги дала мајката природа - таа повеќе во ништо не се разликува од куклата барбика.

Real-life Barbie Doll Valeria Lukyanova has stepped back into the public eye after a six month hiatus with a racy new photo shoot (pictured)


- Сакам да бидам како Амазонка! Не ми се допаѓа повеќе моето тело, треба да направам мускули - вели Валерија.


Last year, Valeria claimed she no longer liked her thin frame, and decided instead that she wanted to build 'muscle' so as to emulate an Amazonian female warrior


Валерија е мажена со бизнисменот Дмитри Шкрабов.



Valeria's millions of fans around the world are likely thrilled to have their idol back doing what she does best, posing up a storm in barely any clothes


Валерија инсистира дека нема направено никаков зафат со пластична хирургија, освен на градите.

Минатиот ноември таа тврдеше дека била нападната од двајца мажи кои ја удирале и се обиделе да ја задават, по што помина извесно време во болница. Многумина се посомневаа во нејзината верзија и сметаат дека тие денови била на пластични операции. Но таа негира.

Има милиони фанови кои сметаат дека е најубавата жена на светот!


Верстапен ја освои пол-позицијата за ГН на Кина

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја освои пол-позицијата во квалификациите за Големата награда на Кина.

Верстапен извози најбрз круг со време 1:33.660 минута. Неговиот тимски колега Серхио Перез го освои второто место, а возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо го освои третото место.

Луис Хамилтон од Мерцедес кој спринтот го заврши на второто место не успеа да излезе од првиот сегмент, завршувајќи на 18. позиција.

На спринтот победи Верстапен.

Големата награда на Кина од Формула 1 шампионатот ќе почне утре од 9 часот по македонско време. /МИА

Руски воен репортер загина во Украина

Воениот известувач на рускиот весник „Известија“ Семјон Еремин, загинал во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина, објави весникот.

Нападот се случил вчера кога 42-годишниот Еремин и неговата екипа се враќале од снимање од селото Прјутне, во близина на линијата на фронтот во регионот Запорожје.

Украина досега не го коментираше настанот.

Најмалку 15 новинари се убиени од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според Комитетот за заштита на новинарите, непрофитна организација која се залага за слобода на медиумите ширум светот. /МИА

Леброн: Јокиќ е еден од најдобрите на сите времиња

Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс искажа комплименти за центарот на Деневер, Никола Јокиќ.

Лејкерси ќе се сретнат со Нагетс во 1. коло од плејофот, а дуелот Џејмс – Јокиќ предизвикува големо внимание кај светската кошаркарска јавност.

- Еден од најдобрите досега. Едноставно е таков. Јокиќ може се. Што е најважно, тој го менува начинот на кој неговите соиграчи размислуваат за сопствената игра. Кога некој може да ги инспирира другите да играат на ниво на кое не ни знаеле дека можат, тоа е доказ дека зборуваме за навистина одличен играч, рече Џејмс.

Првата средба во плејоф пресметките меѓу Лос Анџелес лејкерс и Денвер нагетс е закажана за утре. /МИА

притисни ентер