„Ветрогон“ од Зорица Петкоска ќе биде номиниран за меѓународната награда „Нови гласови“

Поетскиот ракопис „Ветрогон“ од Зорица Петкоска е избран на годинашниот конкурс за поезија, проза или есеј од млади автори од 17 до 30-годишна возраст кои досега немаат објавено книга, што се номинираат за меѓународната награда „Нови гласови“ на Меѓународниот ПЕН.

Одлуката ја донесе жири-комисијата во состав: Наташа Аврамовска, Лидија Капушевска-Дракулевска, Весна Ацевска, и Владимир Мартиновски, соопшти Макеоднскиот ПЕН центар.

На конкурсот пристигнале поетски ракописи на Зорица Петковска, Сузана Мицевска, Мирослав Трајковски, Владимир Котевски и на Сандра Никчевска, како и прозните ракописи на Ѓорѓе Јовановиќ, Стефан Алиевиќ и Милко Бојковски. Жири-комисијата констатира дека ракописите на Сандра Никчевска и на Владимир Котевски не ги исполнуваат критериумите на конкурсот.

- Од ракописите што ги исполнуваат критериумите, „Ветрогон“ од Зорица Петковска се издвојува по својата кохерентност и сигурност во поетскиот исказ на вознемиреното лирско јас, соочено со постојаната ветерничавост и провевност во животот и во светот, два меѓника што се составени од историски и географски елементи кои оставаат лузни и поттикнуваат медитерански копнеж по „помеки светови“, по пополнување на отсуствата на лицата и нештата што нив ги прават празни и чемерни, по обојување на бруталното сронување кога „денот зората ја јаде“, по преуредување на светот. „Ветроген“ е заокружен во три циклуси кои се довикуваат меѓусебно и се дополнуваат во складна целост, се наведува во образложението на одлуката што жири-комисијата ја донело едногласно. /МИА

Стоилковски: Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир,имало потерница за затвор?

Спасовски да одговори дали за пукачот од Чаир, пулен на ДУИ, ослободен по пукање, имало потерница за затвор?

Дали причина за молкот на МВР на Оливер Спасовски за пукањето во Чаир стои фактот дека лицето коешто пукало и е ослободено по веројатна асистенција на заменикот директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани, повеќе од една година е осудено за истото дело по член 396 и уште од лани, точно пред една година било испратено барање до СВР Скопје за негово апсење за отслужување на казната?

Оливер Спасовски мора да одговори дали лицето коешто среде булевар во Скопје пред ресторан, околу 20 часот кога има голема френквенција на народ, лице коешто пукало од огнено оружје, лице коешто влегло во конфликт со полиција, лице коешто користело недозволени полициски осветлувања, лице коешто било ослободено по веројатна интервенција од заменик директорот на Бирото за јавна безбедност, е лице за коешто година дена постои документ за негово приведување за отслужување на затворска казна? И истото е пуштено при повторување на делото!

Почитувани,

Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност, извор и учесник во каубојски оружени пресметки! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштено заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност, а МВР и Оливер Спасовски молчат!? Дали молкот се должи единствено на можноста за опстојување на власта СДСМ/ДУИ?

Државата и безбедноста на сите луѓе во Македонија не смеат да бидат заложници на подредената улога на СДСМ, на Ковачевски и на Спасовски само и само за гола власт! Владата на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, а неказнивоста е неиздржлива и носи животи! Премногу е! Одговорност и избори веднаш!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

За попладне и вечер најава за изолиран развој на пороен дожд, грмежи, ветер

Времето денеска е сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Попладне и во вечерните часови ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 35 степени, УВ индексот ќе биде осум.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи до 34 степен.

Од УХМР најавуваат дека под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Во недела дневната температура ќе се намали за неколку степени.

Утре попладне и за време на викендот пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна маса утре попладне и за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина), силни електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

И во Скопската Котлина за време на викендот времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења од УХМР препорачуваат поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

притисни ентер