Меркел: Санкции за Русија додека не се исполни договорот од Минск

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека траењето на меѓународните санкции против Русија зависи од тоа дали ќе бидат исполнети мировните договори од Минск.
- На состанокот на Европскиот совет во март донесовме одлука дека санкциите се врзани со исполнувањето на договорот од Минск - изјави Меркел на прес конференцијата со полската премиерка Ева Копач во Варшава.

Таа додаде дека е јасно дека исполнувањето на договореното ќе потрае и дека Унијата со тоа прашање ќе се занимава во јуни.

Полската премиерка се согласила дека санкциите против Русија треба да останат на сила - јавува Ројтерс.


Која е жената што се бори против Ердоган ?

Која е Мерал Аксенер , противкандидат на Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

В недела во Турција ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори , на кои актуелниот претседател реџеп Таип ердогфабн ќе има дури петмина против кандидати. Со новите уставни измени новиот шеф на државата ќе има значително поголеми овластувања , откако беше воведен претседателски систем на управување.

Според аналитичарите , по првата изборна победа во 2002 , на овие избори Ердоган ќе се соочи со најголем број претставници на опозицијата .

Меѓу нив е и 62 – годишната Мерал Аксенер , поранешен министер за внатрешни работи и потпретседател на Турскиот парламент до 2015 година. Од октомври минатата година е на чело на опозициската либерално конзервативна и секуларистичка партија IYI .  Нејзиното семејство потекнува од Солун , од каде во 20 тите години на мнинатиот век е протерано во Истанбул . Била член на владејачката апртија на Ердоган , но во 2016 се разидува со него поради воведувањето на уставните измени . ,, Ова е движење на храбрите “, изјави Аксенер на последното обраќање пред изборите в недела.

Косовската опозиција го одби предлогот на Тачи за границата со Србија

Три опозициски партии на Косово го одбија предлогот на претседателот Хашим Тачи да бидат дел од процесот за демаркација на границата со Србија.

,,Нема причина да бидеме дел од дијалогот , бидејќи за границите постојат надлежни институции , државна комисија за оваа работа. Нашиуот став за предлогот на Тачи е познат и истото важи за прашањето за границата .” , изјави секретарот бна Демократскиот сојуз на Косово , Исмет Баќири .

Хашим Тачи претходно го потврди учеството на продолжението на преговорите со Србија в недела во Брисел и најави дека на маса ќе се најдат прашањата за границата . Тој повторно ги повика партиите за формирање сеопфатен тим , за процесот да биде што повеќе кредибилен и транспарентен.

Опозицијата го оспорува легитимитетот на Тачи за водење на преговорите со Србија во Брисел , поради тоа што не добил овластување од Парламентот.  

Уште еден американски дипломат заболен од ,,Кубанскиот синдром “

Уште ден дипломат во амбасадата на САД во Хавана заболе од ,,Кубанскиот синдром “.

Со овој случај , бројот на ,,заболени “ дипломати достигна 25. Дипломатот се жали на зуење во ушите , главболка , вртоглавица и проблеми со видот.

,, Ова е прв медицинбски потврден случај во Хавана од август 2017 . Бројот на Американци кои доживеале ваков инцидент достигна 25 .” изјави портпаролката на Стејт Депатрментот , Хедер Њуарт на прес конференција во Вашингтон. Најновиот случај е дијагностициран откако биле извршени темелни медицински истражувања кои покажал слични симптоми со претходните 24 случаи.

Уште еден дипломат е повлечен од Хавана , но неговите медицински извештаи не се познати. Неодамна најмалку еден дипломат имнаше слични симптоми , како вработен во амбасадата на САД во Кина , но засега не е познато што ги предизвикува ,,звучните напади “ , како што ги нарекуваат во САД .

притисни ентер