Украинска инвестиција во рудник во Дебрца

Оваа пролет во општина Дебрца ќе стартува со работа рудник за ископ на манган. Во рудникот за манган се планира да се отворат околу 200 нови работни места.
Интензивно се работи на пробивање на пристапен пат до ископот на рудата на планината Стогово над селото Врбјани.  Во првата година се планира да се експолатираат 60.000 тони руда, а во наредните години овие бројки ќе се  зголемат  за четири пати.

-  Во разговор со инвеститорите очекувам оваа пролет да стартува со работа самиот рудник.  Инвеститорите се од Украина, односно истите кои ја имаат топилницата во Скопје “Скопски легури” ,информира градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски.

Во рудникот за манган  се планира да се отворат околу 200 нови работни места. Оваа инвестиција ќе овозможи враќање на младите во општина Дебрца.

-Јасно е дека очекувам вработувања дека  ќе има раздвижување на економијата  во општината.Тоа е на тромрежје меѓу три општини односно четири Дебрца, Кичево, Дебар и Струга, вели Трајкоски.

Истражувањата за изградба на рудникот  се правеа изминативе триесет години а анализите покажаа економска оправданост  за ископ на манган.



Заврши кампањата, од полноќ изборен молк

Заврши кампњата пред првиот круг од претседтаелските избори, а од полноќ почнува изборниот молк пред гласањето во недела..

Последниот митинг Гордана Сиљановска Давкова  го одржа во Штип, а Стево Пендаровски во Охрид.. И на последните митинзи во фокусот на кандидатите беше Преспанскиот договор и Евроатланските интеграции.

На вечерашните митинзи своите последни пораки пред гласањето ги упатија и  партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Вучиќ: Се може, ултиматуми и насилство не

Пред околу 100.000 луѓе, попладнево во Белград се одржа завршниот митинг од кампањата „Иднината на Србија“, што го организираше српскиот претседател Александар Вучиќ.

Порача дека е подготвен на дијалог со опозицијата, но нема да прифати ултиматуми.

Српската опозиција со протестите „1 од 5 милиони“ од јануари бара оставка од Вучиќ, а на минатонеделниот протест биле собрани околу 30.000 граѓани кои бараат слободни медиуми, дијалог и слободни избори.

На школски едреник на црногорската морнарица, најдени 50 килограми кокаин

На бродот , за кој Хрватска вели дека е нивен и останал во Црна Гора по ремонтот во 1990 , денеска се најдени 50  килограми кокаин.

На школскиот едреник ,,Јадран” , со кој плови црногорската морнарица , полицијата најде кокаин. Според оперативните сознанија , полицијата открила дека криминална група има намера да се вози со овој брод.

По извршениот претрес на бродот биле најдени над 50 килограми кокаин. Како можен виновник е еден од подофицерите на бродот , дел од екипажот, кој според црногорските медиуми, ќе биде уапсен.

притисни ентер