Средба на Незири со турски инвеститори - членки на МАТТО

Традиционалните пријателски односи меѓу Македонија и Турција се одлична основа за унапредување на соработката на економски план, истакна министерот за економија Беким Незири на средбата со членови на Управниот одбор на Македонско-турската комора (МАТТО), кои се менаџери на турските инвеститори во земјава. Традиционалните пријателски односи меѓу Македонија и Турција се одлична основа за унапредување на соработката на економски план, истакна министерот за економија Беким Незири на средбата со членови на Управниот одбор на Македонско-турската комора (МАТТО), кои се менаџери на турските инвеститори во земјава.
Незири, соопшти ресорното Министерство, нагласил оти  Македонија ги поздравува досегашните турски инвестиции во земјава и очекува нивниот број да се зголемува во наредниот период, истовремено охрабрувајќи ги и македонските компании да инвестираат во Турција.

- Владата на Република Македонија е секогаш на располагање за разговор и решавање на тековните проблеми за да се создаде подобар инвестициски и деловен амбиент, посочил Незири, кој е почесен претседател на МАТТО од македонска страна.

Министерот за економија информирал дека законската регулатива се креира во насока на подобрување на инвестициската клима во земјата, а ревизијата на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји бара посебно внимание со оглед на преголемата разлика во индустриско – аграрната развиеност на двете земји. Што се однесува до прашањата кои се во надлежност на другите институции, министерот Незири им ветил на турските бизнисмени дека ќе ја запознае Владата со очекувањата и плановите на МАТТО и нејзините членки.

Претседателот на МАТТО Туна Ејуп Кахвеџи потсетил дека турските инвестиции во вкупна вредност од над 800 милиона евра придонесуваат за економски раст на земјата и намалување на невработеноста. - Инвеститорите се најдобри промотори на бизнис и инвестициската клима во една земја, а таа секогаш може да се подобрува во отворен дијалог со компаниите, рече Кахвеџи.

Министерството за економија информира дека меѓу прашањата кои биле отворени од страна на турските бизнисмени се промените во законската регулатива, примената на прописите во различни места од земјата, скратување на административните процедури за реализација на инвестициски проекти, поедноставување на постапката за добивање дозволи за времен престој и работни дозволи, поголема либерализација на трговијата, особено во делот за земјоделски и прехранбени производи...

Бизнисмените, како што е наведнео, ја поздравиле иницијативата на Владата за основање на финансиски, здравствени и туристички развојни зони.

Турција е на 8-то место како значаен трговски партнер на Македонија, при што извозот од Македонија е во вредност од 67,5 милиони, а увозот 374,1 милиони американски долари. /МИА

Филипче: Сметот кај Ургентен центар ќе биде исчистен, распишан е и тендер

Сметот направен кај Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ќе биде исчистен од  екипа на „Комунална хигиена“, а во тек е и тендер за избор на компанија која ќе го спроведува чистењето, изјави денеска министерот за здравство Филипче.

- Точно е дека има проблем и тој е резултат на тоа што се прекина тендерската постапка за чистење. После долги години, интегенциите се враќаат во Службата за општи и заеднички работи која ги менаџира заедничките потреби на сите клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза и тие се во постапка на тендер за добивање на компанија која ќе го спроведува чистењето, појасни Филипче.

Во меѓувреме, со градоначалникот на Град Скопје договорено е екипа на „Комунална хигиена“ да го исчисти целото ѓубре, а направен е договор и следниот месец тоа да се одвива тековно. 

Миновски: До крајот на летово барање за А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола

 До крајот на летово АД ЕЛЕМ ќе поднесе барање за добивање А-интегрирана еколошка дозвола за РЕК Битола, најави денеска генералниот директор на Електрани на Македонија, Драган Миновски. 

- Во моментов работната група ги собира податоците и се прават анализи  кои се проекти треба да се реализираат за да се добие дозволата. Очекувам набрзо да излеземе со предлог до Министеството за животна средина и просторно планирање за добивање на дозволата, рече Миновски, одговарајќи на прашање на прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека не сака да шпекулира со точни термини и додаде дека е најбитно работната група квалитетно да си ја заврши работата.

- Тоа е еден процес кој е долг и значаен за самата компанија и затоа е неопходно квалитетно да се заврши, потенцира Миновски.

Прашан до каде е реализацијата на проектот Чебрен и Галиште за кој премиерот Зоран Заев недомна најави дека ќе се реализира преку АД ЕЛЕМ и ќе чини 220 милиони евра, Миновски рече дека станува збор за владин, а не за проект на АД ЕЛЕМ.

- Со одлука на Влада веќе е формирана работна група која имаше два состанока до сега. Во неа работат експерти, а има и претставник од АД ЕЛЕМ и во моментов се анализираат можностите за градба и кој тип на брана да се реализира, рече Миновски и додаде дека нема конкретни датуми до кога да се донесе одлуката. 

Интервјуто со Заев урна рекорди!

Синоќешното интервју со премиерот Зоран Заев во „Само Вистина“ на Канал 5 ги урна рекордите на гледаност на емисијата во оваа сезона.

 „Само Вистина“ останува убедливо најгледана политичка емисија во македонскиот етер!

притисни ентер