Укината забраната за камиони на патот Крива Паланка - Деве Баир

Укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патен правец Крива Паланка - граничен премин Деве Баир.
АМСМ соопшти дека сообраќајот на патниот правец Велес - Скопје е нормализиран.

Во една коловозна лента во должина од 15 метри сеуште се одвива сообраќајот на патниот правец Кичево - Битола кај селото Железнец.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на планинскиот премин Стража, на патниот правец крак Маврово – Дебар, а воведена е и забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси и на патниот правец од Тетово - Попова Шапка.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во целата држава, освен во јужниот дел каде врнежите се од дожд и снег.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони. /МИА

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер