Родители преполни со пари а не плаќаат алиментација

До каде оди себичноста кај луѓето, има родители преполни со пари, а не плаќаат алиментација.
Родителите кои не плаќаат алиментација завршуваат на суд, и на основа на судска постапка се обврзани да ја надоместат издршката на другиот родител кој живее со детето.

Во 2014 година двајца скопјани завршиле во затвор  поради неплаќање алиментација.

Според статистиката на скопскиот кривичен суд минатата година имало 59 предмети за неплаќање издршка, 49 завршиле со правосилна пресуда.
Еден татко цели 15 години не плаќал алиментација на крајот добил парична казна во висина од 1000 евра , но и обврска да исплати сума од над 7000 евра.

Повеќе за ова во видеото.

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

Запалени стотици куќи во меѓунационалните судири во Индонезија (ВИДЕО)

Во повеќенеделните насилни судири меѓу двете индонезискиз аедници се запалени повеќе куќи , соопшти денеска локалната полиција.

Припадниците на двете спротиставени заедници до сега  запалија најмалку 158 куќи, едно училиште и други јавни згради во регионот Северен Пенајам во провинцијата Источен Калимантан, пренесува Ројтерс.

Конфликтот се случил само една недела откако истите заедници се судриле на блиската плажа, при што еден човек бил прободен со нож, а друг е тешко повреден. По нападот, полицијата го уапси убиецот и тројца други за поседување оружје.

„Една недела подоцна, стотина луѓе дојдоа да ги бараат одговорните за смртта на човекот и потоа ги запалија куќите“, рече полицискиот портпарол Аде Јаја Суријана.

„Објаснивме дека ги уапсивме осомничените, но на крајот се случија пожари“, додаде тој.

Точната причина за почетокот на конфликтот сè уште не е позната.

Во Калимантан, или индонезискиот дел на островот Борнео, две етнички групи се судрија во раните 2000-ти, со повеќе жртви.

притисни ентер