Албанците масовно бегаат од Косово - зошто?

Стотици албански семејства од декември наваму секојдневно го напуштаат Косово. Превозниците вовеле вонредни линии. Само ноќе од Приштина заминуваат по десет преполни автобуси.
Блиц пишува дека причината за масовното иселување на Албанците од Косово е сиромаштијата. Тие заминуваат за Белград или директно за Суботица а оттаму кон Унгарија и земјите на ЕУ.

- Имаме огромни гужви. Картите мора да се резервираат една недела однапред за Белград. не паметиме вакво нешто - изјавиле за Блиц од „Адио турс“ чии возила сообраќаат од Белград до Приштина.

- Најмногу доаѓаат во сабота. Вакво нешто не паметиме - велат на автобуската станица во Суботица.

Косовските власти најавиле казни од 7 500 евра за оние кои илегално патуваат во Европа, но тоа не допира до повеќето.

- Подобро да одам в затвор и таму да имам што да јадам отколку да гледам како целото семејство ми гладува. Ние сме шестмина дома и никој не е вработен. Долу веќе нема иднина. Ако власта не помага мораме да бегаме, друго решение нема - вели граѓанин од Косово кој стигнал вп Суботица со семејството.

ото.View image on Twitter

Ова е сликата на автобуска во Приштина со луѓе кои чекаат да заминат за Унгарија. На твитер ја поставил извесен Зекирија Шабани, на 5 февруари.

- Немам веќе со што да ги прехранам децата. Слушнав дека Германија, Швајцарија и Франција даваат азил, па тргнав на пат. Не ми е битно каде ќе бидам. Дури и да останам во Унгарија, подобро отколку на Косово. Властите се закануваат и велат дека ова мора да се спречи поради интеграциите, но не можат да го запрат бидејќи немаме од што да живееме. Платив 300 евра на човек кој ќе ме префрли во Унгарија а потоа ќе видиме - вели 39 годишен косовец сместен во хотел во Суботица, додека да тргне за Унгарија.

Автобусите од Приштина кон Унгарија се преполни. 

- Мојот брат со семејството не успеа да влезе. Во автобусот има 45 места а 200 луѓе. Ќе чекаме друг автобус. На Косово стана неподносливо, ова ни е единствена шанса - вели една жена.

Роднините кои не заминуваат стравуваат дека оние кои заминале ќе бидат депортирани назад. Но бројот на оние кои заминуваат секој ден се зголемува./ извор: Блиц


Анкета : Дали би војувале за својата земја?

Многу помалку од половина од Македонците би се бореле за својата земја , покажува анкетата на Галуп спроведена во 64 земји низ целиот свет.

Глобалниот просек изнесува дека 61% би се бореле за својата земја , а 27% дека не сакаат да се борат. Очекувано , многу е поголем процентот на мажи кои се подготвени да војуваат за својата земја , но сепак не е мал ниту процентот на жените , 52%.

Највисок е процентот во земјите на Блискиот исток и Африка – дури 83% , додека најмалку за западна Европа каде просекот изнесува 25%.

Во голeмата анкета биле прашани 62 398 лица , по 1000 за секоја земја , а анкетата била спроведена од септември до декември 2014. ,,На стотина години од Првата светска војна , утврдивме дека 61% од граѓаните на светот сака да војува. “ ги коментираше резултатите Жан – Марк Лежер , претседателот на Меѓународното здружение на Галуп.

Меѓу сите испитаници најмао располежение за одбрана на земјата со војна има во Јапонија – само 11% , а на дното на табелата се и Германија , Италија и Австрија.

Најподготвени за борба се Мароканците и жителите на островот Фиџи со 94%. Меѓу европските земји отскокнува процентот на Финска -74% од луѓето сакаат да војуваат а по неа Турција со 73%.

 Во регионот , Македонија е на дното со 38% подготвени да се борат за својата земја , а најголем е процентот во Косово 58% , додека во Србија изнесува 46%.

Постојат разлики и во религиите. Муслиманите се најподготвени за војна или 78% , потоа Хиндуистите со 77% , а меѓу Христијаните најборбени се православните со 53% . Од Евреите само 51% се подготвени за војна.

Повратник од Германија починал од срцев удар во казино во Кавадарци

Повратник од Германија на педесетина години, вечерва добил срцев удар во казино во Кавадарци и починал на самото место додека играл игри на среќа.

Оваа информација за МИА ја потврдија Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес и Драган Димитров, раководител на Брза помош Кавадарци.

Според првичните информации, човекот и претходно имал срцеви проблеми во Германија. Засега не се соопштуваат детали за случајот. 

Жолтите елеци излегоа 28. викенд на улиците (ВИДЕО)

Илјадници Жолти елеци и денеска , 28. викенд по ред протестираа против социјалната и фискална политика на Макрон , во пресрет на европските избори важни за иднината на Франција.

Денеска се собраа вкупно 3 200 демонстранти , од кои 1 200 во Париз. Минатата сабота , според податоците на Минситерството за внатрепшни работи имало нешто помалку , 2800 демонстранти , а овие податоци ги демантираат организаторите тврдејќи дека се далеку побројни.

На првиот собир на 17. ноември минатата година имаше 282 000 демонстранти. Денешните протести минаа главно мирно и без насилства.

притисни ентер