Во Охрид почнува празнувањето на Богојавленските празници 2015

Со целовечерен концерт на сите културно-уметнички друштва од градот вечерва во Охрид започнува официјалната програма по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, што ја организираат општинската власт и Здруженето за афирмација на МПЦ „Богојавление“.
Ансамблите „Гердан“, „Илинден“, „Охриѓанка“, „Плетенка“, „Филиграни“ и „Отекс“ ќе имаат свои настапи пред публиката во Центарот за култура во Охрид. Влезот на концертот е слободен, додека пред влезните врати ќе има пунктови за донации на средства наменети за хуманитарни цели.

Празнувањата на Богојавленските празници продолжуваат утре напладне со свечена литургија во црквата „Свети Никола – Геракомија“, каде традиционално се одржува и чинот на примопредавањето на кумството за Водици 2015 на бизнисменот од Кичево Зоран Милевски и балканската музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Вечерта во 20 часот на Градскиот плоштад  концерт ќе одржи  Каролина Гочева.

В недела во Куќата на Уранија  ќе биде доделена  светска награда за хуманизам  на Џон Ралстон Сол, по што во 20 часот во Центарот за култура “Григор Прличев” е проекцијата  на документарниот филм за Водици.

Од Здружението за целосна афирмација на МПЦ „Богојавление“ што повеќе од деценија е организатор на манифестацијата и оваа година очекуваат масовност на настанот потврдена со големиот број пријавени капачи, но и најавени гости што ќе дојдат да ја проследат манифестацијата.

Прославувањето на големиот верски празник Свети Јован Крстител, на самиот ден на празникот 19 јануари, почнува рано изутрината со богослужби во сите парохиски цркви во Охрид и Дебарско-кичевската епархија. Во 9 часот Централната црковно-народна манифестација се префрла на Градското пристаниште во Охрид, каде ќе се одржи и главниот настан – фрлањето на Светиот крст и осветувањето на водите на Охридското Езеро. И оваа година предвидено е да биде спроведено и масовно крштевање во осветените води на езерото, во 14 часот кај месноста Сараиште.

На штандови во центарот на градот за посетителите бесплатно ќе се служи вино, топла ракија, пача, пржени плашици.

За што поголема посетеност на Охрид за празниците, хотелите на охридската ривиера нудат промотивни цени за сместување, а угостителските објекти и до 30 отсто попуст на услугите.

Традиционално прославувањето на празникот Богојавление ќе биде заокружено со Денот на рибарите, кога во минатото се означувал крајот на мрестот на пастрмката и стартот на нејзиниот излов. Години наназад на 20 јануари рибарите се капат во езерото и натпреваруваат кој прв ќе доплива до бурињата со вино што организаторите ги фрлаат во осветените езерски води.

И оваа година манифестацијата ќе биде збогатена со програма, во чии рамки ќе се готви рибна чорба чија изработка ќе ја спонзорира ресторанот „Тино“, а ќе ја приготвуваат наставници и ученици на Средното угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“. Чорбата ќе се приготвува во голем казан од 2,5 тони, а специјалитетот ќе биде наменет за сите посетители присатни на манифестацијата. Покрај богатата музичка програма и оваа година ќе биде претставен и риболовен алат и фотографии од рибарското минато на градот. /МИА

Во јуни државата Франција изгубила судски спор поради загадувањето!

Мајка и ќерка во јуни 2019 добиле судски спор бидејќи државата не успеала да се справи со загадувањето.

Француската држава не успеа да стори доволно за да го ограничи загадувањето на воздухот околу Париз, се вели во пресудата откако мајка и ќерка со респираторни проблемија тужеле државата.

Ова е прв случај од ваков вид, во кој Фарида (52) и нејзината 16 годишна ќерка ја тужеле државата Франција за влијанијата од живеењето близу париската обиколница.

Мајката и ќерката со години боледувале од респираторни болести а кога решиле да се преселат од Парис во Орлеанс нивните симптоми прекинале.

Случајот, пред управниот суд во Монтреал е прв кој приватни лица го покренуваат против францускта држава поради здравствени проблеми предизвикани од загадување на воздухот. Случајот бил подржан и од повеќе групи активисти.

„Државата направи грешка со недоволно преземање на мерки во однос на квалитетот на воздухот“, се вели во соопштението од судот.

Помеѓу 2012 и 2016 државата не успеала да преземе мерки потребни за да ја намаликонцентрацијата на штетните честички во воздухот кои ги надминуваат гранците.

Но, судот ја отфрлил побарувачката за оштета на жената од 160.000 евра, велејќи дека не може да најде директна врска помеѓу нивните здравствени проблеми и неуспесите на државата.

„Ова е историска пресуда за 67.000 Французи кои умираат предвремено секоја година заради загадувањето на воздухот. Денес жртвите од загадувањето не треба да се плашат да одат на суд за да го одбранат своето здравје“, рекол Надир Сафи, Еко активист, по пресудата.

Силен земјотрес ја погоди Индонезија

Силен земјотрес со јачина од 6 степени денес ја погоди најисточната провинција во Индонезија, Папуa, соопшти американската служба за геолошки надзор.

Епицентарот на земјотресот бил на 141 километар западно од градот Абепура, на длабочина од 33,6 километри, се наведува во соопштението.

Индонезискиот центар за земјотреси и цунами соопштил дека земјотресот не може да предизвика цунами  затоа што се случил во внатрешноста на земјата, но ги предупредиле граѓаните да избегнуваат брда поради можно лизгање на земјиштето.

За сега нема извештаи за штета или повредени.

Светската награда за хуманизам за 2020 врачена на академик Георги Старделов

Во предвечерието на големиот христијански празник Богојавление вечерва во Охрид врачена годинешната 14-та по ред Светска награда за хуманизам, за прв пат на македонски лауреат, академик проф. Георги Старделов.

На пригодната свеченост во Куќата на Уранија пред присутните за годинешниот добитник беседа одржа претседателот на Комисијата за доделување на наградата, амбасадор Јордан Плевнеш. То истакна дека преку Светската награда на хуманизмот секој 18 јануари наспроти Богојавление се пренесува идејата за првата Школа на хуманизмот во Средновековна Европа, создадена од Свети Климент и Свети Наум учениците на светите Кирил и Методиј, прогласени за заштитници на Европа 11 века после нивната смрт.

– Академик Старделов станува првиот добитник на Светската награда за хуманизам од Македонија, како автор кој припаѓа на врвот на светската цивилизација, оттаму што кога тој ќе ја изговори парадигмата „Велт шмерц", и македонскиот станува дел од светскиот бол. Кога Вие ќе изговорите светска филозофија, Македонија ја добива со Вас потпорната Архимедова точка, кога ќе речете светска историја го одредувате местото на Македонија…Вашата трајна база се светите Климент и Наум, Света Софија, климентовиот и наумовиот манастир, Курбиново, Бгомилите, народното творештво со сите негов форми и се она што го создал македонскиот творечки дух, рече меѓу другото амбасадорот Плевнеш.

Наградата на лауреатот му ја врачи градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, кој рече дека на вечерта кога сме најблиску до Бога, Охрид со чиста љубов и мисла се поклонува пред делото на академик Старделов, кој со своите величенствени троречки достигнувања успеа да ја извиши оваа земја Македонија до највисоките културни меридијани.

– Старделов е автор со импозантен опус дела од доменот на филозофијата, естетиката и критичката мисла, објавени на многу јазици на сите пет континенти, рече тој заблагодарувајќи се на Академијата на хуманизмот што преку организирањето на оваа величенствена манифестација се активира генетскиот код и колективната меморија на првата Средновековна Школа на хуманизмот на Светите Кирил и Методиј.

Лауреатот Старделов своето обраќање пред присустните посочи на предизвикот со кој се соочува човекот во денешницата, дека по Хирошима се одвива големата ако не и најголемата глобална криза, што ги загрозува сите облици на животот како таков.

– Веќе нема на земјата такво забрането овошје и зелена фиданка која човекот на се обидел да ја скине или оскврнави. Со тоа стана јасно дека се е од и до човекот. Затоа и решението треба да се бара во надминувањето на стариот, излетениот дури и лицемерен хуманизм, со еден нов охридски, со еден животворен природен хуманизам кој ќе го надвладее времето на изгубената човекова блискост со природата и луѓето, време во кое ќе може да се дојде до неминовно освествување на човекот, својот опстој на планетата Земја да го здружи со природата во едно неразлачно единство и со нова надеж љубов и взаемна искрена почит, рече Старделов.

На свеченоста беше прочитана и пораката како и поемата што за годинешниот лауреат ја напиша и испрати Жан-Патрик Конрад, професор на „Ројал колеџ" од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Во рамки на годинешните чествувања на хуманизмот, со посебно признание ќе му биде оддадена почит на неодамна починатиот бугарски академик Светлин Русев, добитник на Светската награда за хуманизам во 2014 година, автор на спомен обележјето „Охрид – Центар на светскиот хуманизам" што ќе биде свечено поставено на плоштадот „Долна Порта".

притисни ентер