Фабиус до Попоски: Сметаме на вашата поддршка за борба против тероризмот

Франција смета на поддршка од Македонија во борбата против тероризмот. Министерот за надворешни работи на Франција Лоран Фабиус му пиша на македонскиот министер Никола Попоски писмо, како одговор за солидарноста која Македонија ја даде по убиството во Париз на новинари на весникот “Шарли Ебдо”.
„Терористичкиот напад врз весникот Шарли Ебдо ја погоди Франција во срце. Во име на француската влада и народ сакав да Ви изразам искрена благодорност за силната порака на поддршка и солидарност која во овие трагични околности и ја упативте на Франција”.

„Потребна ни е колективна и обновена определба за одбрана на слободите и заедничка борба против тероризмот. Франција ќе продолжи со напорите во таа насока и знам дека можам да сметам и на поддршката од вашата земја”, пишува Фабиус до Попоски.

Македонскиот министер остро ги осуди овие кукавички акти на терористите, застанувајќи рамо до рамо на страната на Франција во борбата против тероризмот.

„Во овие тешки моменти би сакале да ја искажеме нашата поддршка во борбата против ова варварство кое пркоси на вредностите кои ни се драгоцени, како што се слободата на мислење и изразување”,му напиша Попоски на Фабиус веднаш по немилиот настан.

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев се плашат да распишат предвремени парламентарни избори

Зоран Заев е главата на октопод во рекетарската приказна.

СДСМ да одговори дали вчера на ЦО присуствувале  Кики и Фрики?

Зошто Заев ги амнестира од одговорност? Дали се плаши дека доколку каже кој се Кики и Фрики може да биде откриено неговото директно учество во рекетарската приказна а граѓаните да дознаат колкав процент земал?

СДСМ да ги извади розевите наочари и да види дека во Македонија освен рекетот, криминалот, корупцијата, заканите, уцените и поткупот, друго ништо не функционира.

Граѓаните со оваа криминална влада живеат се полошо.

СДСМ и Заев се свесни дека им паѓа рејтингот и се плашат да распишат предвремени парламентарни избори.

СДСМ и Заев се плашат да се соочат со волјата на граѓаните.

За Македонија да оди напред Заев и СДСМ мора да си заминат.

Граѓаните и Македонија заслужуваат промени.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Во сабота нестабилно време, в недела сончево и топло до 36 степени

 Топло, но нестабилно време со пороен дожд, најавува УХМР за денеска попладне и утре. 

Во недела и понеделник ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Температурата денеска ќе достигне максимални 33 степени. Во деновите од викендот ќе достигне 36, а во понеделник 38 степени.

Од вторник ќе биде ветровито со услови за локален пороен дожд. Дневните температури ќе бидат во интервал од 27 до 36 степени.

Македонија и Србија ќе соработуваат во размена на знаење и искуства од дигитализацијата

На почетокот на следната година веб-страниците на Владата и министерствата ќе бидат редизајнирани и унифицирани во насока на поголема транспарентност и отчетност и интерактивност со граѓаните,.

најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за примената на новиот концепт, што е дел од реформите на администрацијата преку дигитализација на процесите, при што ќе се користат искуства на Србија.

Со Меморандумот за соработка што Манчевски го потпиша со директорот на Канцеларијата за информациски технологии и електронска управа во Владата на Република Србија, Михаило Јовановиќ, се предвидува размена на знаење и искуства од дигитализацијата на српската јавна управа во изминатите две години.

– Колегите од Србија воведоа конкретен механизам за комуникација со граѓаните кој можат преку веб-страницата на Владата да упатат конкретно прашање и има конкретни рокови во кои мора да добијат одговори од соодветната институција, изјави Манчевски, наведувајќи пример за функционалноста на концептот.

Како што дополни министерот, на многу едноставен и лесен интерактивен начин граѓаните веднаш ќе добиваат одговори од институциите, а има и јавна статистика на бројот на одговори и времето што било потребно да бидат доставени.

– Менувањето и унифицирањето на веб-страниците на Владата и министерствата е многу повеќе од менување на нивниот изглед и подобрување на нивните функционалности. Станува збор за менување на целиот начин на којшто ќе комуницираме со граѓаните и ќе објавуваме информации, нагласи Манчевски.

Јовановиќ, од своја страна, посочи дека Меморандумот за соработка во дигитализацијата е продолжение на активностите во таа насока од дигиталните самити за Западен Балкан, што се одржаа во Скопје и во Белград.

– Програмата и концептот за дигитализација што премиерката Ана Брнабиќ го постави во приоритетите на Владата на Република Србија за две години доведе до развој на нови системи за електронска управа. Веќе забележуваме дека државите од регионот ги препознаа значењето и можностите по електронски пат да се направи трансформација на јавните управи во ефикасен сервис во којшто граѓаните и стопанството се во центарот на вниманието, рече Јовановиќ.

Како што најави Манчевски, следен чекор во соработката во областа на дигитализацијата со Србија е потпишување договор за меѓусебно признавање на електронски сертификати, што се планира за почетокот на септември. 

притисни ентер