Нова снимка од нападот во Париз: Го убивме „Шарли ебдо“

Неодамна на интернет се појави нова снимка која ги прикажува браќата Саид и Шериф Куаши, како излегуваат од редакцијата „Шарли ебдо“, пренесува „Скај“.
На снимката се гледаат две маскирани лица, кои мирно се враќаат кон својот автомобил а едниот од нив извикува: „Го осветивме пророкот Мухамед, го убивме „Шарли ебдо“.

Осмо издание на културно-забавната манифестација „На зајдисонце" во Трпејца

Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов" од Охрид по осми пат ја организира кутурно-забавната манифестација „На зајдисонце". 

Од вечерва гостите што летуваат во населбата и сите оние што ќе се затекнат во Трпејца се до 29-ти овој месец ќе бидат дел од содржините наменети за нив, за поубаво да се чувствуваат, да се забавуваат, некои и нешто да научат.

Манифестациајта финансиски поддржана од Министерството за култура предвидува фолклорни настапи, ликовни изложби, ликовна работилница за деца, потоа курс по модерен танц исто за најмладите гости, куклен театар за најмладите, музички содржини меѓу кои и веќе традиционалните вечерни променади со настапи на млади уметници што музуцираат од кајче во вечерните часови. И оваа година како и изминатите изданија „На зајдисонце" организира курс за обука за фаќање риба со јадица, кајакарска регата и прошетка низ Националниот парк „Галичица" по патеката Чоколско.

Здружението „За Трпејца со љубов" ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од публиката, сите настани што ќе се одржуваат под ведро небо се од отворен карактер односно бесплатни./МИА

Ансамблот „Дорико“ со Омаж на Георг Фридрих Хендл на „Охридско лето“

Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва во 21 часот во црквата „Света Софија“ со концерт на ансамблот „Дорико“ од Италија кој ќе приреди Омаж на Георг Фридрих Хендл.

Ќе настапат тенорот Раул Хернандез, Даниела Нуцоли -мецосопран и виолина, Клодиана Бабо на барокна виолина, Франческо Алесандро де Феличе на виолончело и Џованимариа Перучи на чембало.

Ансамблот „Дорико“ е група музичари што настапува на барокни инструменти почитувајќи ги историските практики на интерпретација. Членовите на овој состав свиреле во некои од најзначајните оркестри посветени на стара музика како: „Џардино Армонико“, „Еуропа Галанте“, „Талент Лирик“, „Академија Бизантина“ и се посветени на популаризација на ваков тип музика како и на откривања дела од ваков репертоар. Настапувале на голем број интернационални и национални фестивали, напишаа од Охрдско лето.

Фестивал „Фолклорен мост" во Струга

 Со свечено дефиле низ Струшките улици и настап на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци" синоќа се одржа 13. издание на фестивалот „Фолклорен мост".

На манифестацијата учествуваа 13 фолклорни ансамбли и друштва од земјава и соседството.

– Преку песна и игра околу 500 учесници кои ги претставија фолклорните традициии и културните особености на своите земји, истакна организаторот, центарот за култура „Браќа Миладиновци".

На сцената, покрај домаќинот, КУД „Илинден" од Струга настапија и културно уметничките друштва „Бранко Радичевиќ" од Стара Пазова, Србија, „Везилка" од Прилеп, „Сијач" од Загреб, Хрватска, „Дримкол" од Вевчани, „Будуќност 1984 " – Добановци, Србија, „Новаци" од Новаци, „Цариброд" од Димитровград, Србија, „Илинден" од Демир Хисар и фолклорните ансамбли „Ѕуница" од Скопје, „Неврокоп" од Бугарија „Гоце Делчев" од Битола и „Стив Наумов" од Логоврди. /МИА

притисни ентер