„Шарли ебдо“ излегува во 3 милиони примероци

Со солза во окото и со препознатливиот транспарент „Јас сум Шарли“, пророкот Мухамед одново е на насловната страница на сатиричниот весник, кој ќе излезе утре со натпис „Се е простено“.
Медиумот, кој минатата недела во терористички напад загуби 10 новинари порачува дека нема да отстапи ниту милиметар. Наместо вообичаените 600 илјади, новиот број ќе излезе  во три милиони тираж, на 16 јазици.  

- Секако дека ќе покажеме некои цртежи од убиените Кабу, Жорж, Хонор, Карб, кои никогаш претходно не се видени. Ние ќе напишеме нешто, што ќе не направи да се чувствуваме добро, изјави Патрик Пелоу – новинар во Шарли Ебдо.

Карикатурите на неделникот денеска се најдоа на мета во дел од кинеските  медиуми, кои оценија  дека поради односот на Шарли Ебдо кон религиите, Франција станала симбол на судирот на цивилизациите и оти е неопходно западот да ја ограничи слободата на медиумите. Жестока критика стаса и од турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, овој пат упатена до западните лидери, чиј собир во Париз го нарече лицемерен.

- Како да го оцениме присуството на Нетанјаху на маршот во Париз? Како може човек кој убил 2.500 луѓе во Газа, да мавта со раката во Париз. Како смее тој да отиде таму?, запраша Ердоган, претседател на Турција.

Во меѓувреме, во Бугарија е уапсен 29-годишен Французин со хаиќанско потекло, кој повеќепати бил во контакт со браќата Куаши, кои го извршија нападот во неделникот.  Фриц Жоли Јоакин е уапсен при обид да влезе во Турција.

-Тој пред 15 години преминал во ислам и последните години бил поврзан со радикалниот ислам на Блискиот Исток, а баран е и за терористички активности во Европа, изјави Дарина Славова, јавен обвинител.

Со низа погребни церемонии Французите денеска им оддадоа почит на загинатите во терористичките напади во Франција. Четворица од 17-мината убиени беа Евреи, кои беа погребани во Ерусалим. 



Македонија и Бугарија парафираа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

Спасовски изрази задоволство од поддршката што Македонија ја добива од Република Бугарија за интеграција  во НАТО и ЕУ, за Каракачанов денешното потпишување на договорот претставува чекор напред во унапредувањето на соработката и односите меѓу двете држави. Тој ја искористи можноста во име на владата во софија да ја повтори ставот на Република Бугарија за поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Сметам дека уште оваа есен ќе имаме добри вести за Македонија по однос интеграцијата во ЕУ, отпочнување преговори за членство, процес што ќе продолжи, но јасно ќе ја зацрта трасата на Македонија на патот кон европските вредносни системи и европското семејство, рече Каракачанов истакнувајќи дека Бугарија не се откажува од политиката да ги поддржува сите држави од западен Балкан во нивните евроатлански интеграции. Трговијата со луѓе е тема за која европските институции не само говорат, туку и преземаат активности оттаму што се работи за кривично дело против човекот. Соработка меѓу двете држави по тоа прашање имаше и досега, најмногу во рамки на министерствата за внатрешни работи, но со овој документ двете држави ја потврдуваат решеноста категорично заеднички да работат во спроведувањето на европската политика за борба против тој порок во двете општества, рече Каракачанов.

Царовска: вработените во градинките добиваат за 16 отсто повисоки плати

Вработените во градинките од јуни добиваат за 16 отсто повисоки плати, што е најголемо покачување досега.

 Ова го изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред денешната средба со вработените од градинките на која беше презентиран новиот систем за плати.

Во септември, како што најави таа, вработените во детската заштита ќе добијат и уште едно зголемување од пет проценти, со кое вработените во детските градинки во Македонија добиваат покачување на платите за 21 отсто што е најголемо досега .

Повеќе во видеото.

Започна реконструкција на патот Тетово-Попова Шапка

Врз делница Тетово-Попова Шапка се прави „жолт фидинг" што подразбира санирање на дупки па поставување асфалт над целиот коловоз.

Министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, директорот на Јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов и тетовската градоначалничка Теута Арифи извршија увид во рехабилитацијата на патот од Тетово до Попова Шапка каде се поставува нов асфалт во должина од 18 километри и 200 метри.

-Овој е еден од основните патишта кои минатата година веднаш го ставивме за проектирање и рехабилитација бидејќи сакаме да развиваме туризам, сакаме да ги развиваме нашите туристички места. Тетово-Попова Шапка е еден од дванаесетте патишта ставен преку проект на Светска банка преку „жолт фидинг" да се гради и рехабилитира. Иако начелно компанијата треба да го направи до нова година, јас гарантирам дека до септември ќе биде готово, изјави Китанов. /МИА

притисни ентер