Терористите влегоа во печатница полна со луѓе – двајца се убиени, 20 се ранети (видео)

Двајцата осомничени за нападот на неделникот „Шарли ебдо“ утринава извршија нов крвав поход.
Осомничените најпрво украдоа автомобил, а потоа влетаа во печатница која била полна со луѓе.

Неофицијално две лица се убиени а најмалку 20 се ранети. Полицијата ја опколи печатница и се обидува да ги натера осомничените да се предадат. Се преговара со нив со нив бидејќи тие држат во заложништво неколку лица. 

Драматичната потера се одвива на 30 километри северно од Париз во индустриската зона Дамартин.

Над местото кружат полициски хеликоптери , а вклучени се и елитните полициски единици.

Двајцата брака се осомничени дека пред два дена упаднаа во редакцијата на францускиот неделник и убија 12 карикатуристи и полицајци.

Во последните 24 часа извршени се три напади врз џамии ,а денеска на петочната молитва се очекува да биде зголемено обезбедувањето на верските објекти во Франција.

Излезноста во повеќето земји на ЕУ сепак е поголема од пред пет години

Според податоците што на социјалните мрежи ги објави организацијата  Europe Elects во поголемиот борј европски држави излезноста е поголема отколку на изборите во 2014.

За 14 држави за кои се објавени податоците, само три држави има помала излезнот отколку пред пет години , како што е Италија со незначително помал број , како и во Португалија и Бугарија.

Во Шпанија , пак до 12 часот излезноста е за 10,15 проценти поголема отколку пред пет години. Зголемена е излезноста во Унгарија (9,01%) , Романија (7,22%) и во ПОлска каде до 12 часот гласале 7,08% повеќе отколку во 2014.

Расте излезноста во Данска , Франција , Естонија и во Хрватска.

СДСМ: Мицкоски да одговори кога ќе понесе одговорност за поразот на изборите и за неуспехот да ја спречи интеграцијата на државата

Нашата земја влегува во НАТО и чекори кон ЕУ, на огромна жал и неуспех на антизападниот Христијан Мицкоски ,се наведува во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да станува промотор на мерките на СДСМ, Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да одговори на следните прашања:

Кога ќе понесе одговорност за личниот неуспех и за неуспехот на неговата агенда поддржана од Будимпешта, да го спречи зачленувањето на земјата во НАТО?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што Никола Груевски се уште му е ментор и водич во политиката?

Кога ќе понесе одговорност за тоа што неговите пратеници обвинети за криминал се уште не поднеле оставки?

Конечно, кога ќе понесе одговорност за поразот за претседателските избори и на локалните избори во Охрид и Ново Село?

Огромна е разликата помеѓу одговорното работење на СДСМ и одлуката да се влезе во промени за подобрување на служењето на граѓаните и безидејноста и неодговорноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои се уште се длабоко загазени во нивното криминално и режимско однесување. Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги загубија и претседателските и локалните избори и затоа не успеаја да го спречат напредокот и реформите што носат добро за сите граѓани.

Канал 5 во Софија: Бугарија гласа за 17 пратеници во Европскиот Парламент

Канал 5 одблизу го следи гласањето во најблиската европска метропола, Софија.

Таму е Александар Видиновски  со информациите за одзивот, дали Бугарите се заинтересирани за изборите.

притисни ентер