МОН ги прифати барањата на студентите

Министерството за образование и наука информира дека е прифатлив предлогот кој вчера го изнесоа претставници на дел од студентските парламенти во Македонија, а кој се однесува на можноста за студентите да полагаат една третина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година.
- Предлогот на студентите е надополнување на првичната иницијатива на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ - Охрид, кој побара студентите да можат да одат на предавања, односно да слушаат предмети од третата студиска година, независно дали го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година, соопшти МОН. 

Канал 5 во Софија: Бугарија гласа за 17 пратеници во Европскиот Парламент

Канал 5 одблизу го следи гласањето во најблиската европска метропола, Софија.

Таму е Александар Видиновски  со информациите за одзивот, дали Бугарите се заинтересирани за изборите.

Директорот на Сениќ: Струјата во домот е пуштена вчера

Директорот на Домот „Томе Стефановски Сениќ" Лулзим Џемаили, денеска преку соопштение ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во објектот се уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија.

-Сакам само транспарентно да се информира јавноста дека на Домот „Томе Стефановски Сениќ" на 22.05.2019 во 14 часот му беше прекинато снабдувањето со електрична енергија заради неплатен долг. Приклучени бевме вчера на ден 25.05.2019  во 19 часот. Демантирам информации дека во Домот уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија, стои во реакцијата од Џамаили.

За сите дополнителни прашања тој најавува средба со медиумите утре во просториите на Домот во 11 часот.

Седница на Централниот Одбор на СДСМ: Кого ќе фати метлата?

Во седиштето на Бихаќка денеска попладне се очекува седница на Централниот одбор на СДСМ на која главна тема ќе биде опрацијата метла.

Кадровските промени главна тема на седницата на Централниот одбор на СДСМ. Премиерот и претседател на социјалдемократите, Зоран Заев со највисокото партиско раководство ќе расправа кој и зошто треба да си замине од досегашната функција.

Седницата следи неколку дена откако Заев ги разреши речиси сите претседатели на општинските одбори на СДСМ и во пресрет на најавената владина реконструкција.

Аналитичарите очекуваат Заев да ја искористи меѓународната и домашната поддршка за операцијата „Метла“ и да ја реализира најавената владина реконструкција и смените во директорските фотелји.

Рамадани очекува, по речиси реализираните амбиции на меѓународен план, Заев да избере кадри чиј фокус сега ќе бидат секојдневните проблеми на граѓаните.

Заев најави дека списокот со имиња на функционерите кои ќе си заминат како и причините ќе ги објави во првата половина од јуни. Се најавува дека ќе направи смени на осум министерски позиции. Дел од неофицијалните информации говорат дека на коалициониот партнер, Али Ахмети на последната средба минатата недела му предложил СДСМ со реконструкцијата да го преземе ресорот животна средина, а за возврат ДУИ да го добие министерското место во транспорт и врски.

притисни ентер