Познати се 5000 археолошки локалитети во Македонија

Севкупната бројка, доколку на археолозите им е на располагање прецизно изготвена археолошка топографска карта и утврден археолошки катастар, бројката на локалитети ќе биде двапати поголема, тврди првиот човек на Управата за заштита на културното наследство на Македонија.

Во очекување на за нив важниот документ археолозите, не го намалуваат интензитетот на истражувањата.

И странските врвни имиња од археологијата се согласни. Археолошка топографска карта и катастар на Македонија и се неопходни. Тоа го поткрепуваат со повеќе примери.

Локалните власти сметаат на квалитетен развој на новата економски профитабилна гранка, археолошки туризам. Впрочем, Виничкиот реон е еден од тие потенцијали.

Едногласна е оценка на македонските археолози, детален увид во историското наследство е повеќе од потребно. Ова помеѓу изнесените над 50 научни трудови од повеќе археолошки области беше изнесено на изнесена на 23 биенален симпозиум на македонските археолози, што викендов се одржува во Виница.



притисни ентер