Денеска облачно со дожд

Времето во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд. Во претпладневните часови на места врнежите се уште ќе бидат пообилни, а попладне ќе ослабат.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од осум до 13 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.

Во недела времето ќе биде облачно со локални врнежи од дожд, но со слаб до умерен интензитет. Од понеделник се очекува постепено опаѓање на температурата. /МИА

Украина се заканува со рушење на Кримскиот мост

Пратеникот на Врховната рада на Украина, Игор Мосијчук се закани со уништување на Кримскиот мост изграден преку Керчкиот канал.

„Мостот преку Керч е непријателска инфраструктура. Зошто непријателска? Бидејќи ги поврзува окупираната територија со копнениот дел на земјата-агресор. Нормално, после ослободувањето на Крим, во текот на понатамошната деокупација, тоа е стратешки објект. Секоја нормална земја на светот која е во војна за својата територија, за своите луѓе, нормално дека се обидува да ја уништи непријателската инфраструктура – мост, железничка станица, аеродром“ – објаснил Мосијчул гостувајќи во телевизијата “112 Украина“.

Одговарајќи на прашањето дали тој лично ќе учествува во рушењето на мостот, пратеникот одговорил дека тоа секако би го направил доколку е министер за одбрана.

Претходно на сајтот на „Вашингтон егзаминер“ објавен е текст на новинарот Том Роган, во кој тој напишал дека Кримскиот мост е “невиден навреда“ за Украина како нација и предложил да се бомбардира и покрај “можните“ реципрочни мерки.

Мостот преку Керчкиот канал е најдолгиот во Русија и неговата должина изнесува 19 километри.

Патниот сообраќај преку мостот започна шест месеци пред првобитно поставениот рок.

Крим стана составен дел на Русија во 2014 година, после референдумот одржан после државниот удар во Киев.

Голем дел од жителите на полуостровот (96,77 отсто) гласаа за обединување на Русија.

Пенс: Судбината на Либија е суровата реалност која го чека Пјонгјанг

Американскиот потпретседател Мајк Пенс ја предупреди Северна Кореја дека би можела да ја искуси судбината на Либија, доколку не биде постигнат договор за севернокорејската нуклеарна програма.

„Овие денови имаше многу разговори за кризата во Либија. Во тој контекст, како што и американскиот претседател Доналд Трамп јасно изјави, Северна Кореја би можела да заврши исто како Либија, доколку Ким Јонг Ун не се согласи на договор“ – изјави Пенс во интервју за „Фокс њуз“.

На прашањето дали е тоа закана кон севернокорејскиот режим, Пенс изјавил дека тоа е и “многу повеќе од суровата реалност која го очекува Пјонгјанг“.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон минатата недела изјави дека Вашингтон не сака да го повтори сценариото од Либија, кога поранешниот американски претседател Џорџ Буш потпиша договор за нуклеарната програма на Либија во 2003 година, а подоцна со интервенција беше срушен режимот на Муамер Гадафи.

Актуелниот претседател на САД, Трамп изјави дека не сака либискиот модел да го примени во Северна Кореја, но дека за тоа би можело да се расправа доколку не биде постигнат договор.

Властите на Северна Кореја негодувале после изјавите на Болтон и Трамп, а последните изјави на Пенс би можеле додатно да предизвикаат реакции од Пјонгјанг.

Трамп би требало на 12 јуни да се состане со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Сенегал.

Се продлабочуваат недоразбирањата меѓу Техеран и Вашингтон

Иранскиот претседател Хасан Рохани  потврди дека Техеран не прифаќа соединетите американски држави да носат одлуки за него.

Неговата реакција следи  откако американскиот државен секретар Мајк Помпео постави услови до Иран и објави построги санкции врз таа земја. „светот денес не прифаќа сад да решаваат за него.

Земјите имаат своја независност“, рече Рохани, прашувајќи: „кои сте вие да решавате за Иран и за светот?“.

Помпео претходно информира  дека Вашингтон ќе воведе најстроги санкции во историјата и оти тие ќе стануваат се потешки се додека иранскиот режим не го „смени курсот“. Пред две недели американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон се повлекува од нуклеарната спогодба со Иран.

притисни ентер