УЈП со нов систем до подобра наплата на приходите

Управата за јавни приходи ќе воспостави нов Информатички систем, кој ќе придонесе за раст на приходите во првата година за еден до три проценти, а за 10 години и до 100 илјади евра.
Подготвителната студија за имплементација на системот е завршена и се очекува системот да биде ставен во функција за две до три години.

- Со имплементација на системот само во првата година се очекува раст на приходите од еден до три проценти, имајќи ги предвид искуствата на другите земји кои имаат направено ваков чекор. Како системот станува прифатен од страна на даночната администрација, така и од даночните обрзници, се појавува тренд на зголемување на даночните приходите секоја година што говори само дека ваков чекор во Република Македонија е час поскоро потребен, изјави директорот на Управата за јавни приходите Горан Трајковски на завршната презентација на проектот „Изработка на студија за ИТ системот на УЈП“.

Според него, ваквите студија е добар патоказ каде во моменотв се наоѓа УЈП и кои се следните чекори што треба да се преземат за да се добие производ кој е посакуван, а со цел Управата за јавни приходи да биде брза и ефикасна во наплатата на даноците.

Тој истакна дека Управата за јавни приходи работи на база воспоставена во 1996 година и во текот на годините наназад е надоградуван, но сега е потребен нов интегриран ИТ систем кој ќе биде во полза на даночните обврзници кои ќе добиваат брза, квалитетна и точна информација од Управата.

И лидерот на експертската група Анѓа Коншо смета дека на Управата за јавни приходи и треба современ систем како во европските земји.

- Системот што го користи УЈП е далеку од модерните европски системи. Македонија треба да ги следи најдобрите искуства во ЕУ и да воведе во својот систем професионални стандарди како во ЕУ, изјави Коншо. Посочи дека неговата имплементација ќе донесе 100 милиони евра за 10 години.

Новиот систем што ќе го користи Управата за јавни приходи, според Благица Митровска од ИТ секторот во Управата, ќе значи подобрување на бизнис климата, навремено добивање информации и ќе овозможи бенефит за даночните обврзници, вработените и сите корисници на системот на УЈП.

Стравична експлозија на аеродромот во Кабул - мета потпретседателот

Непосредно по слетувањето на авганистанскиот потпретседател Абдул Рашид Достум се случи огромна експлозија недалеку од аеродромот во Кабул.

Достум и неговата придружба не се повредени во експлозијата, изјави портпаролот на министерството за внатрешни работи на Авганистан, пренесе агенцијата „АП“.

Како што изјави портпаролот, најверојатно потпретседателот бил мета на нападот.

Засега никој не ја преземал одговорноста за експлозијата, а во Кабул активни се и талибанските бунтовници и Исламска држава.

Коѕијас: Граѓаните на соседната земја имаат право на самоопределување

Граѓаните на соседната земја имаат право на самоопределување – вели во интервју за тамошните медиуми шефот на грчката Никос Коѕијас.

Грција вели тој, не може да го смени универзалното право на соседите да се нарекуваат Македонци, на индивидуално и неофицијално ниво.

Еден жител на Скопје и вели на неговата девојка дека е Македонец. Што ќе правиме? Ќе создадеме метафизичка држава што ќе го става во затвор? Она што го кажавме е дека граѓаните на оваа земја имаат право да се самоопределуваат како сакаат. Тоа е универзално право што не можеме да го смениме. Но, во исто време, ние можеме да ги викаме како сакаме. – изјави Никос Коѕијас – Министер за надворешни работи на Грција.

Во однос на договорот од Преспа, Шефот на грчката Дипломатија вели дека условите биле зрели за тоа. Во интервјуто Коѕијас во неколку наврати споменува дека станува збор за компромис и за отстапки од двете страни, бидејќи како што вели,  Грција не го освоила северниот сосед за да му ги наметне нејзините позиции.

- Ако не претходеа отстапувањата во преговорите сите овие 25 години, се ќе беше полесно. Но, ние имаме две прашања. Едно, дека треба да се согласи и другата страна, бидејќи не ги освоивме преку војна за да им го диктираме она што го сакаме ние. Сакаме другата страна да го убеди нејзиното општество, да добие мнозинство во Собранието, да го добие референдумот, да го ревидира Уставот, да направи тешки работи, вели шефот на грчката дипломатија во однос на тоа дали Договорот од Преспа е најдобриот што можела да го склучи Грција. – додаде Коѕијас.

Изјавата на Коѕијас доаѓа ден откако во друго интервју грчките медиуми кажа дека опозициите во двете земји користат остар говор на омраза и истакна дека е загрижувачко несогласувањето на овие партии околу договорот за името меѓу двете земји. Лидерот на грчката опозиција пак Кирјакос Мицотакис во вчерашното интервју за Зи Дојче Цајтунг, изрази незадоволството против постигнатиот договор, но додаде дека ќе го почитува доколку биде ратификуван во грчкиот парламент. Мицотакис во интервјуто нагласува и дека референдумот во земјава ќе успее.

Османи: Се надевам дека опозицијата ќе сфати оти земјата нема иднина без ЕУ и НАТО

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека спротивставувањето на опозицијата на Договорот за името со Грција, кој, како што вели е договор за идните генерации, а не идните избори, ќе ја искомпликува политичката ситуација во земјата.

Но, се уште се надева дека ВМРО-ДПМНЕ ќе сфати дека земјата нема иднина без ЕУ и НАТО и оти така ќе се однесува. Сепак, тој е уверен дека и без поддршката на опозиција процесот може да биде успешен, пред се, како што вели, заради довербата во изборот и проценката на народот. 

- Опозицијата се уште го држи овој процес во заложништво, а со тоа и иднината на државата. Би сакале оваа битка да ја водиме заедно со опозицијата, но, ако е потребно ќе го направиме тоа и без нив и ќе успееме. Верувам дека со големата поддршка на граѓаните ќе успееме да го направиме тоа во предивденото време, вели Османи во интервју за грчкиот весник „Етнос“, кое го пренесува МИА.

Прашан што доколку референдумот, што треба да се одржи есенва, не биде успешен, вицепремиерот истакнува дека не очекува оти тоа може да се случи, затоа што, истакнува, има доверба во народот.

- Сигурен сум дека народот ќе го препознае едноставниот избор, може да одиме  напред кон подобра иднина или да се вратиме назад во минатото. Сигурен сум дека повеќето ќе го изберат првото, вели вицепремиерот Османи. 

Тој истакнува дека затоа работат да ја убедат опозицијата да вети дека ќе ја поддржи волјата на народот каква и да е и оти и власта ќе направи тоа.

- Ако има и еден глас повеќе против договорот ние ќе го почитуваме таа волја на луѓето, вели Османи. 

Тој одговарајќи на прашање што доколку на предвремени избори, можност што ја најави премиерот Зоран Заев, на власт дојде партија која не се согласува со Договорот, вели предвремени избори не се приоритет бидејќи тие би ги успориле реформи, но верува дека и кога би се одржале избори утре владејачките партии повторно би победиле. 

Во врска со едно од прашањата што произлегува од Договорот за името, а е поврзан со комерцијалниот бренд „Македонија,  Османи вели дека многу аспекти од овој Договор, кој според него, во основа е фер копромис за двете страни, треба да се воспостават преку пракса и добра волја да се оди напред.

Како најголем предизвик со кој земјава се соочува на патот кон ЕУ, ги посочува корупцијата и судскиот систем, но и воспоставување систем на меритократија, вреднување на сработеното и создавање државни служби во интерес на граѓаните.

- Подготвени сме да се цврсто да се посветиме на овие реформи, кои ќе донесат брзи промени, вели вицепремиерот Османи. Тој додава дека предизвик за земјата се и подготовките за тешкиот скрининг процес и подоцна за преговорите со ЕУ, бидејќи, како што посочува, законодавството, политичкиот и социјалниот систем мора да се приспособат кон ЕУ стандардите.

Во врска со интересот на други меѓународни актери, меѓу кои и Русија за регионот, во момент кога сега тој забрзано чекори кон ЕУ и НАТО, Османи вели дека Москва нема ниту ниту ресурси, ниту толкав интерес да создава проблеми во овој регион за подолг период.

- Верувам дека сегашните напори на Русија се последен обид да го сопре или успори неповратниот процес на пристапување на Макединија во ЕУ и НАТО, додаде вицепремиерот Османи во интервјуто за „Етнос“, кое го пренесува МИА. 

Во врска со информациите на македонската Влада за тоа дека руски бизнисмен од Грција давал пари за насилни протести во Македонија пред рефрендумот, Османи ги повикува меѓународните и домашните институции да извршат брза и непристрасна истрага во врска со овие наводи со цел да се открие вистината. /МИА

притисни ентер