Чудесната приказна за кучето кое се претвори во “камен“ и преживеа (фото+видео)

Еден пес падна во врел катран во западна Индија. За жал катранот се исушил врз неговата кожа, поради што не можеше да се помрдне.

Го здогледал еден случаен минувач и ги повикал спасувачките екипи на “Animal Aid Unlimited“ од Удаипур, Раџастан. Тие два дена нежно го масираа кучето, отстранувајќи го катранот, со помош на разни масла. Изјавуваат дека бил тврд како камен.

Кучето на крајот беше ослободено а на видеото може да се види како весело мафта со опашката.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

притисни ентер