Русија: Украина не смее да стане членка на НАТО‏

Рускиот пратеник во Европската Унија, Владимир Чизов изјави денеска дека влезот на Украина во НАТО би бил преседан за европската безбедност и ја предупреди ЕУ да не воведува санкции поради Украина.
Влезот на Украина во НАТО би претставувал најголемиот предизвик без преседан за европската безбедност по падот на Берлинскиот ѕид – изјави Чизов.

Исто така, упати и уште едно предупредување кон ЕУ, да не воведува санкции за Русија поради Украина.

"Нашата порака кон ЕУ гласи: Не го загрозувајте мировниот процес во Украина со воведување на нови санкции поради кризата во таа земја. Само Советот за безбедност на ОН има право да воведува санкции. Но тие никогаш не биле ефикасно средство. Едностраните мерки на ЕУ против Русија се погрешни, не фер и се темелат на претпоставката дека Русија е учесник во судирите. Русија никогаш не била, ниту пак ќе биде учесник во судирите" –заклучи Чизов. 

Хаос во Барселона : Протестираат и приврзаниците и противниците на независна Каталонија (ВИДЕО)

Полицијата очекува долга ноќ во Барселона и судири меѓу двете големи групи кои протестираат – приврзаниците и противниците на независноста на Каталонија.

Одборите за одбрана на Републиката (ЦДР), каталонска организација на застапници за независност, кои изминативе два дена насилно протестираа, организираа нов масовен протест во центарот на главниот град Барселона.

Во изминатите два дена тие оставија зад себе неколку запалени автомобили,барикади, а вчеравечер ја гаѓаа каталонската полиција со молотови коктели кога беа запрени на патот кон зградата на полицијата на Каталонија, каде сакаа да протестираат.

Тие бараат ослободување на затворените лидери на Каталонија осудени во понеделникот на затворски казни меѓу 9 и 13 години, поради референдумот за независност прогласена во 2017 година и заминување на шпанската полиција од Каталонија.

Од понеделникот, околу 250 луѓе се повредени во судирите со полицијата. Шпанскиот министер за внатрешни работи денеска објави дека 194 полицајци биле повредени во последните три дена. Приведени се 94 лица.

Попладнево, пак, групите за интегритет на Шпанија во другиот дел од градот излегоа на улиците во немири кои се одвиваа од понеделник.

 „На нив, кон нив“ и „Јас сум Шпанец, Шпанец“, викаат тие, носејќи шпански знамиња, додека полицијата мораше да ги смири со палки, а беа запалени и димни бомби. Припадниците на специјалната полиција се обидува да го спречи контактот на двете спротивставени групи демонстранти.


Мицотакис : Целосно го поддржуваме патот за членство во ЕУ на нашиот северен сосед

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис пред пристигнувањето на самитот во ЕУ изјави дека го подржува евроинтегративниот пат на земјите од Западен Балкан.

,,Целосно го поддржуваме патот за членство во ЕУ на нашиот северен сосед, тие целосно ги почитуваат меѓународните договори што ги потпишаа, тие го почитуваат владеењето на правото и се разбира ги почитуваат правата на малцинствата.”, рече Мицотакис пред попладневниот состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ во Брисел.

Чешкиот премиер дециден: Мора да градиме нуклеарни електрани , па и да ги прекршиме законите на ЕУ

Сигурно снабдување со енергенси е приоритет за Чешка и затоа треба да се градат нови нуклеарни електрани , изјави чешкиот премиер Андреј Бабиш.

„Мора да го сториме тоа дури и ако сме принудени да ги прекршиме европските закони“, рече чешкиот премиер пред парламентарците во Прага.

Безбедноста на снабдувањето со енергија е приоритет за Чешката Република, додаде Бабиш, без да се знае дали тоа значи проценка на влијанието врз животната средина, државна помош или нешто друго според европските регулативи.

Изградбата на новите нуклеарки требаше веќе да започне, додаде тој. „Спиевме добар дел од времето кога станува збор за нуклеарната енергија“.

Чешката Република продолжува да користи нуклеарна енергија во производството на електрична енергија и владата има намера да го зголеми својот удел во енергетската моќност за 50 проценти до 2040 година.

Германија во повеќе наврати ги критикуваше застарените нуклеарни централи во соседната земја, тврдејќи дека тие не се безбедни. Претседателот на комисијата за животна средина во германскиот Бундестаг, пратеничката на Зелените, Силвија Котинг-Ул, остро реагираше на зборовите на чешкиот премиер.

,,Шокантно е што лидерот на земја членка на ЕУ отворено најавува кршење на законот, рече Котинг-Ул, повикувајќи ја владата во Берлин да се спротивстави на изградбата на нови нуклеарни централи во Чешката Република, бидејќи тие би претставувале закана за Германија и Европа.

Чешката Република има две нуклеарни централи, во Темелин и во Дуковани. Темелин е на само шеесет километри од границата со Германија и Австрија.

Во истражувањето спроведено во Чешка во 2015 година, само девет проценти од испитаниците изјавиле дека се плашат од нуклеарна енергија. Дваесет и четири проценти од нив изразија просечен страв, а дури 63 проценти малку стравуваа или воопшто не стравуваат од нуклеарна енергија.

Клучни кандидати за изградба на нови нуклеарни централи во Чешка се јужнокорејската компанија КХНП и руската Росатом.

притисни ентер