Премиерот на Шкотска:“Лондон станува очаен“

Лидерот на шкотските националисти Алекс Салмонд, изјави дека Лондон и нема понудено ништо ново на Шкотска во последните обиди да се сочува Британија обединета.

Салмонд наведе дека лондонската понуда за широки овластувања за Шкотска, кои ги одобрија трите најзначајни британски политчки партии, не содржат никаква новост и оцените дека кампањата на унионистите се распаѓа во пресрет на референдумот за независнот на Шкотска, кој е предвиден за наредна недела.

"Тоа е само едно ново ценкање, во друго пакување и со нови рокови за што веќе зборувавме во пролетта" - истакна Салмонд.

Премиерот на Шкотска, смета дека кампањата на унионистите е во паника и дека денешниот ден ја означува конечната пропаст на кампањата шкотланшаните на 18. септември да заокружат “не“, односно да се изјаснат во прилог на зачувувањето на Велика Британија.

Последиците од претстојниот референдум во Шкотска е тешко да се предвидат но она што е несомнено е дека владее чувство на нестабилност и тоа не само во Британија.

Британската фунта претходните денови значително “ослабе“, што е резултат од најновите истражувања на јавното мислење според кое граѓаните на Шкотска се наклонети кон самостојност.

Шкотска е составен дел од Обединетото Кралство уште од 1707. година а претходно долго време се наоѓаше во персонална унија со Англија.

Покрај национал-романтичните мотиви за отцепување од Британија, постојат и други. Експлатацијата на нафта во Северното море, која од Норвешка направи успешна и просперитетна земја, би можела да има слични последици и во случајот на Шкотска.

Резервите со нафта со кои располага Британија, всушност и припаѓаат на Шкотска а она за разлика од Англија (53,1 милион жители) има само 5,5 милиони.

Две жртви во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на ТИР зоната во Штип. Според првичните информации во несреќата животите ги загубиле две лица.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврди дека на овој експресен пат има тешка сообраќајна несреќа.

Таа за МИА изјави дека во тек е увидот и обезбедувањето на местото на несреќата од страна на полицијата.

Несреќата се случила околу 14.25 часот, помеѓу две патнички возила.

Саем на книга во Скопје: Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат

Родителите и училиштето се двете најважни работи кои можат да всадат љубов кај децата за книгите, во време кога тие живеат во светот на интернетот и мобилните технологии. 

Само преку книгите, најмладите ќе ги насочиме на правилниот пат и вистинските вредности.

Ова е заедничкиот став на посетителите, издавачите и авторите на 36. издание на Саемот на книга, кој до 24-ти април се одржува во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје.

А токму најмладите беа едни од најприсутните на саемот. Преку орагнизирани училишни посети, досега над 2.000 ученици ги посетиле овој книжевен настан.

Приказната се чита, е слоганот на овогодинешниот Саем на книга. Организаторите велат дека само на тој начин, децата можат да влезат во светот на книжевноста.

Дека интернет технологијата го одзема вниманието на децата, согласни се дел од авторите и издавачите. Нивната мисија е, додаваат тие, да им ги доближат квалитетните книги на младата популација па и преку електронски форма.

Од популарна присохологија, до македонски и светски познати автори. На Саемот на книга ќе се претстават над 60 издавачи, и ќе има повеќе од 30 промоции на книги, детски работилници, настани и дискусии.

Овој книжевен настан завршува на 24 април, чии врати се затвораат во 20 часот.

Политички профил со кандидатката за претседателка – Гордана Силјановска Давкова

Во централните вести во 18 часот денеска ќе го емитуваме профилот на Гордана Силјановска Давкова.

Во продолжение дел од профилот.

притисни ентер