Мртва трка меѓу приврзаниците „За“ и „Против“ независноста на Шкотска

Приврзаниците за останување на Шкотска во составот на Велика Британија покренаа широка политичка кампања во пресрет на референдумот за 10 дена.

Лидерот на лабуристите, Ед Милибанд се придружи на идејата на Шкотска да и се дадат поголеми овластувања, но само ако граѓаните на референдумот се изјаснат негативно за отцепување од островот.

Најголем дел од овластувањата се однесуваат на даночната политика, поголема фискална автономија и контрола на јавните расходи.

Жителите на Шкотска на 18-ти септември ќе треба да се изјаснат дали се за или против - Шкотска да стане независна држава.

Последните анкети покажуваат дека 51 процент се за, а 49 против независноста..

Поранешен француски министер за правда е обвинет за лажни вработувања во ЕУ

Поранешниот француски министер за правда, Мишел Мерсиер е денеска обвинет како дел од истрагата за фиктивни вработувања помошници во седиштето на ЕУ во Брисел на лица од неговата центристичка партија Демократско движење (МОДЕМ).

Поранешниот благајник на МоДем, колалиционен партнер на партијата „Република, Напред“ на претседателот Емануел Макрон, Мерсиер беше обвинет во средата за „вмешаност во проневера на јавни пари“, соопшти судски извор , а денеска и за лажни вработувања во Брисел.

Поранешниот 72-годишен министер е втор функционер во партијата што е обвинет за оваа афера.

Поранешниот главен финансиски директор на партијата, Александар Нардела, беше обвинет на 15 ноември за „проневера на јавни пари“ и „измама“.

Судот ќе утврди дали парламентарните асистенти добивале пари од Европскиот парламент додека извршувале други партиски должности.

Осомничени се вкупно петнаесетина лица, вклучувајќи поддржувачи на европратеници и партиски функционери.

Распитот ќе трае до 6 декември, кога претседателот на партијата Бајру, кој неколкупати работел како министер, се очекува да се појави на суд.

На почетокот на декември ќе бидат сослушани и поранешните француски министри Мариела де Сарнез, евро-пратеничка од 1999 до 2017 година и Силви Гулард, евро-пратеничка од 2009 до 2017 година и која е актуелен заменик гувернер на француската Централна банка.

Отворањето на прелиминарната истрага во јуни 2017 година доведе до оставка на Бајру на местото министер за правда, Сарнез на министер за европски прашања и Гулард како министерка за одбрана.

Пендаровски присуствуваше на средба на Стопанските комори од Македонија и Србија

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, којшто е во официјална посета на Република Србија, денеска во Белград присуствуваше на средбата на Стопанските комори од Република Македонија и од Република Србија.

На средбата се разговараше за продлабочување на надворешно трговската размена при што беше оценето дека постои голем потенцијал за интензивирање на соработката за полесен пристап до трети пазари.

Претседателот Пендаровски истакна дека од големо значење е зајакнувањето на регионалната соработка за зголемување на економскиот развој, намалување на невработеноста, подобрување на социјалната благосостојба на граѓаните, како и зголемувањето на трговската размена и инвестициите. Воспоставувањето на заедничко гранично управување на Табановце/Прешево, како што рече претседателот Пендаровски, е одличен, прв чекор за олеснување на протокот на стоки за компаниите, а со унапредување на неговото работење ќе се забрза протокот на стоки.

Во однос на новата иницијатива за идно слободно движење на стоки и услуги, но и работна сила, како и меѓусебно признавање на професионалните квалификации, Претседателот истакна дека основна цел на оваа иницијатива треба да биде зголемување на регионалната соработка и понатамошна интеграција на државите во Европската Унија преку имплементација на европските правила и стандарди на регионално ниво. Тој изрази надеж дека сите западнобалкански држави ќе се приклучат на оваа иницијатива.

На средбата меѓу коморите се разговараше и за мерките коишто може да се преземат за понатамошно олеснување на условите за бизнисот во смисла на укинувањето на тарифните бариери, сведување на царинските мерки на минимум во регионот, елиминирање на сите барања на податоци коишто не се во согласност со меѓународните препораки и договори, како и на намалување на трошоците за обезбедување на истите и усогласување на работното време на органите во двете земји кои се надлежни за спроведување на увозно-извозните постапки.

Во таа насока, на средбата помеѓу стопанските комори од Македонија и од Србија беше констатирано дека има простор за интензивирање на соработката меѓу стопанските комори од двете земји со цел да се придонесе кон остварување на овие цели.

Претходно, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески беше дел од делегацијата која го придружуваше претседателот Пендаровски на средбата со српската премиерка Брнабиќ.

Јункер излезе од болница , следната недела се враќа на работа

Претседателот на Европската Комисија во заминување , Жан Клод Јункер , кој пред десетина дена беше опериран , денеска ја напушти болницата.

Јункер би требало да се врати на работа во седиштето на ЕУ во Брисел. На 11 ноември, Јункер беше подложен на операција на аортна аневризма во абдоминалната празнина.

Аневризмата е трајно проширување на аорта. Главната опасност била пукање на аневризмата, што може да резултира со внатрешно крварење. Доколку не се интервенира итно, пукањето на аневризмата обично завршува со смрт.

Изминатите десет дена тој беше заменет во Комисијата од првиот потпретседател Франс Тимерманс.

Комисијата на Јункер во моментов е ангажирана само со тековните работи, бидејќи на 1. ноември истече нејзиниот мандат. Новата Комисија, предводена од германката Урсула фон дер Лејен, треба да ја преземе функцијата на 1 декември.

притисни ентер