Видео: Нови полицајци во Единицата за брзо распоредување во акција

Во ЕБР нови 113 припадници кои пред врвот на МВР покажаа што научиле за време на 6-месечната обука.
Први своите способности ги покажаа жените од составот на единицата кои вежбаа со пендрек. Потоа беше покажана вежбата за разбивање на демонстрации со кои е нарушен јавен ред и мир.

Пред гостите, новите специјалци апсеа вооружена разбојничка група, покажуваа боречки вештини, а церемонијата ја отворија со песната на единицата.

Полицајците од ЕБР изведоа и акција за справување со вооружена група кога маскирани и прекриени со трева го нападнаа пунктот на вооружените.

Во касарната во Ѓорче Петров беа презентирани и двете возила купени од Турција кои имаат вградено водени топови за разбивање на насилна толпа.

Повеќе од видеото.  

Како ќе се реши проблемот со извозот на земјоделски производи на Косово?

Времената рамка на Косово за повисоки царини од 30% за овошје и зеленчук предизвика хаос во регионот.

Петти ден земјоделците немаат каде да ги извезуваат своите производи. Извозот од ден во ден е се помал. Им се закануваат огромни штети.

В среда во Белград ресорните министри на земјите од регионот на итен состанок ќе бараат лек за проблемот. Најавија и контра-мерки. Македонија веќе испрати и допис до ЦЕФТА  и ЕУ потенцирајќи дека мерката е неаргументирана.

Во меѓувреме српскиот министер за трговија Расим Љајиќ и порача на Приштина да се одлучи дали е или не е ЦЕФТА потписничка.

Косовската времена мерка ќе трае три месеци. Со неа, за 30% се зголемуваат царините за увезеното овошје и зеленчук. Опфаќа 21 сорта од земјоделските производи и важи за сите држави кои увезуваат во Косово.

Најпогодени, според министерството за земјоделство, се доматите, пиперките и сливите.

Иран: Најмалку 25 лица повредени во земјотресот

Најмалку 25 лица се повредени во земјотресот со јачина од 5,9 степени по Рихтер, кој денеска го погоди западен Иран, неколку часа откако два земјотреси ја потресоа јужната провинција Хормозган.

Гувернерот на западната провинција Керманшах, Хусанг Базванд, изјави дека 25 лица се повредени и дека, за среќа, нема информации за мртви.

Претходно денеска, јужниот дел на Иран беше погоден од земјотреси со јачина од 4,7 степени и 5,7 степени според Рихтеровата скала.

Во тие потреси немаше повредени, а предизвикана е помала материјална штета.

притисни ентер