Премиерот Груевски на средба со јапонскиот премиер Шинзо Абе

Премиерот Никола Груевски, во рамки на официјалната посета на Јапонија, денеска во Токио ќе се сретне со јапонскиот премиер Шинзо Абе.
Македонската владина делегација, која ја предводи премиерот Груевски, денеска во Токио ќе организира и бизнис форум на кој пред јапонски бизнисмени ќе бидат презентирани условите за инвестирање во Македонија.

Шефот на Владата вчера на средбата со претседателот на бордот на директори на Јапан Реилвеј Ист (ЈРИ) компани Тацео Тамута договори соработка во областа на здравството и железничкиот сообраќај.

Во здравството договорено е македонски доктори и медицински персонал да престојуваат и да бидат обучувани во рамките на ЈРИ болницата, а лекари од ЈРИ болницата да престојуваат во Македонија и да пренесуваат знаења на своите македонски колеги за примена на напредни медицински методи.

Како што информира владината прес-служба, за оваа цел, набрзо ќе бидат прецизирани сите детали околу видот на медицински области во кои ќе има соработка.

На полето на соработката во сферата на железничкиот сообраќај е истакната можноста за јапонска помош во развој на железничкиот сообраќај во Македонија, со акцентирање на можноста за едукација на лица од нашите железнички претпријатија или институции, или пак ученици и студенти од областа на железничкиот сообраќај, во школата за железнички сообраќај на ЈРИ, која е најреномирана ваква школа во Јапонија.

- Оваа болница е напредна во многу области, но особено се истакнува во делот на ортопедската медицина и во делот на рехабилитација од повреди, а исто така и во делот на третман на канцер. Во краток период треба да ги договориме деталите во смисла на тоа кога ќе почнат да доаѓаат наши доктори и медицински персонал и точно во кои оддели ќе бидат прифатени и ќе бидат обучувани и за најнови достигнувања во областа на медицината. На средбата со претседателот на оваа компанија имавме разговор за многу можности за соработка, и соработката не само што ќе биде во делот на медицината туку ќе биде и во делот на обуки во делот на железнички транспорт, бидејќи се работи за една поголема компанија која што покрај болницата поседува и дел од железницата, изјави премиерот Груевски по средбата.

Претседателот на компанијата Тамута изразувајќи задоволство од можноста за остварување на соработка со Македонија, рече дека ова е почеток на една зголемена и продлабочена соработка помеѓу Јапонија и Македонија. - Се надеваме дека нашиот придонес може да и помогне на вашата земја во развој на економијата. Што се однесува до полето на медицината ова е шанса и можност што повеќе доктори и медицински персонал од вашата земја да не посетат и да бидат тренирани овде. Исто така, на полето на железницата, ако има нешто со кое што ние можеме да помогнеме во насока на развој и поддршка на вашата железница ние би сакале да помогнеме со задоволство, изјави Тамута.

Јапан Реилвеј Ист Компани е компанија која се занимава со бизнис во повеќе сфери, меѓу кои и железничкиот сообраќај и медицината, и која на годишно ниво остварува приход од 28 милијарди долари, а добивка од околу 2 милијарди долари./МИА.

Утре сончево и уште потопло

Времето утре претежно сончево и уште потопло. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Минималната температура од 12 до 21, а максималната од 31 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје сончево со умерен западен и северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 18 до 38 степени.

Од понеделник следува период на нестабилно време со пороен дожд и грмежи, а локално се можни и поинтензивни процеси. Ќе дува засилен северозападен ветер, па дневната температура од вторник значително ќе се намали. /УХМР

Без вода утре корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“

Прекин во водоснабдувањето утре од 8 часот до санирање на дефектот ќе имаат корисниците од бул.„Партизански одреди“ до ул.„Максим Горки“ во Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација.

Прекинот во водоснабдувањето, како што се наведува, е поради промена на шибер од ф 80мм на ул.„Васил Главинов“  блок 10. /МИА

Пакистански политичар се самоубил поради своите синови

Самостојниот кандидат на изборите за парламентот на Пакистан, Мухамед Ахмед Мугал се убил откако неговите синови не се согласиле со политиката која ја застапува.

Тоа го соопшти пакистанската полиција.

Еден од полицајците изјавил дека Мугал дома наишол на отпор, бидејќи неговите синови ги подржувале кандидатите на поранешната владејачка партија, Пакистанската муслиманска лига.

По изборните закони на Пакистан, изборите на кои Мугал бил кандидат, ќе бидат одложени и предизборниот процес повторно ќе започне после регуларните избори на 25 јули.

притисни ентер