Кривична за поранешен раководител на струшкиот „Колектор“

Полициската станица во Струга поднесе кривична пријава против 48 -годишниот А.В. од струшкото село Радолишта кој е осомничен за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во текот на 2009 година, во својство на одговорно лице- раководител на работната единица „Колектор“ овозможил продажба на старо железо при што на Јавното претпријатие „Проаква“ му нанел штета во износ од 1.051.500 денари.

- Противправната постапка ја направил иако знаел дека за ваквите продажби треба да формира посебна комисија, да објави тендер, но и да има претходна одлука на Управниот одбор на претпријатието, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според Димоски, А.В. искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во текот на јануари 2009 година, овозможил од работната единица „Колектор“ утовар на старо железо со извесен состав на бакар во вкупна тежина од  44.040 килограми.

За товареното старо железо, Јавното претпријатие „Проаква“ наплатило износ од 59.500 денари со истовремено книжење на фактурата и изводот по што книговодствено случајот бил затворен. /МИА

Влада: Предложените за претседател и членови на РКЕ се избрани на јавен оглас

Регулаторна комисија за енергетика ќе добие нов претседател.

Владата го предложи Марко Бислимовски да ја предводи главната функција на ова регулаторно тело.

Бислимовски и досега работеше во комисијата како советник и во јавноста важи за професионалец во енергетската област. Од владата уверуваат дека ќе таков ќе биде и како претседател.

Освен Бислимовски, Владата како комисионери ги предлага Наташа Вељановска, Атанаско Тунески и Куштрим Рамадани, исто, досегашен член на Комисијата

Надлежностите и независноста на Регулаторна беа жестока тема на расправа при донесувањето на Законот за енергетика. Опозицијата обвинуваше дека Владата ја нарушува независноста на ова тело, а власта тврдеше дека наместо професионалци со комисијата раководат партиски кадри.

Познавачите на проблематика, оценуваат дека сепак тешка ќе биде битката за независност на РКЕ.

Прв човек на Регулаторна од 2009тата до сега беше Димитар Петров, кој често беше обвинуван поради неговата партиската припадност.

Платите на членовите на Регулаторна комисија се движат околу 1 500 евра.

Мандатот на претседателот и членовите е 5 години со право на реизбор.

Нова пречистителна станица за третман на отпадни води во Кичево

Општина Кичево доби нова пречистителна станица за третман на отпадни води изградена со европски пари.

Со тоа трајно се решава проблемот со отпадните води во општината и се подигнуваат стандардите за заштита на животната средина.

Пречистителната станица е со инсталиран капацитет за 48.000 жители.

Реализацијата на проектот вклучува и изградба на колектор и пристапен пат. Вкупната вредност изнесува 8,3 милиони евра.

притисни ентер