Во Богданци изложени моштите на Св. Кирил

За првпат македонските граѓани можеа да се поклонат пред моштите на Свети Кирил . Во Богданци , каде веќе 14 години се чуваат дел од моштите , стотици верници се собраа во соборниот храм
За првпат македонските христијански верници се поклонија пред моштите на свети Кирил. По повод 150 годишнината од католичката црква во Богданци, моштите на словенскиот просветител се изложија во јавноста, иако во Македонија се чуваат веќе 14 години. Апостолскиот егзарх на Католичката црква во земјава, д-р Киро Стојанов, рече дека е огромна чест и гордост што светите мошти се повторно во овде, каде што пред 11 века просветувал и творел Кирил.

Верниците од рано изутрина се собраа во црковниот храм. Сметаат дека е ретка можност да се оддаде почит на моштите на словенскиот учител.

Свети Кирил почива во базиликата свети Климент во Рим, а моштите во Македонија се дел од неговото тело.

Исчезната 56-годишна жена од Кривопаланечко

Исчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, Кривопаланечко. 

Случајот го пријавила во полиција  нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– Во Полициската станица денеска во 20:20 часот од општа надлежност, Крива Паланка, 52-годишната Л.М. од сели Мождивњак, Кривопаланечко, пријавила дека од семејната куќа се оддалечила нејзината золва Г.С., на возраст од 56 години, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Според досегашните сознанија на полицијата, лицето и претходно се оддалечувало и се враќало во домот. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СДСМ: Стравот од дебакл во втор круг кај ВМРО-ДПМНЕ е голем колку и нивните лаги

Стравот на ВМРО-ДПМНЕ од дебакл во вториот круг е голем колку и нивните лаги, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол за криминали, одговорна за најголемиот скандал за прислушување на граѓаните и упад во приватноста лажно обвинува.

СДСМ јавно ги демантираше лагите дека постои апликација која собира податоци, лични информации, видеа, фотографии или активност на интернет од граѓаните и ги повика сите институции да го потврдат тоа.Дирекција за заштита на лични податоци веќе направи инспекциски надзор и очекуваме за тоа да ја информира јавноста.

Предупредивме дека ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и тимот на Сиљановска треба да знаат дека лажното пријавување е кривично дело.

Бидејќи лагите на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, СДСМ најавува соодветни пријави пред надлежните правосудни органи.

Вистината е најсилен демант на лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ.

Најмалку 23 лица загинаа во страшните поплави во ЈАР (ВИДЕО)

Најмалку 23 лица загинаа во големите поплави и свлечиштата во Јужноафриканската Република.

Силните дождови предизвикаа поплави и свлечишта во градот Дурбан и околината , на источниот брег на ЈАР.

,, Минатата ноќ се влоши метеоролошката сотојба во неколку покраини , каде се смета дека загинале најмалку 23 лица. “, изјави министерот на покраината КваЗулу- Натал, каде Дурбан е главен град.

Најмалку 32 лица се хоспитализирани , а не е познат бројот на исчезнатите. Во најпогодените делови се испратени војници на помош на спасувачките служби.

притисни ентер