Кражба во црквата Свети Никола во Маврово Ростуше – украдени 4 икони

Тешка кражба била извршена во црквата Свети Никола во Маврово Ростуше во село Трница.
Во периодот од 12 до 14 мај, во црквата било насилно влезено и биле украдени 4 дрвени икони.

Полицијата трага по  крадците .

Вчера беше ограбена и црквата Свети Никола во селото Кичиница во истиот регион. 

Гутереш: Преспанскиот договор е пример за мирно решавање спорови

Договорот од Преспа меѓу Грција и Македонија е пример за мирно решавање на транснационалните спорови, истакна генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во обраќањето на 18. Меѓународен форум во Доха.

-Договорот меѓу Атина и Скопје е успешен пример за транснационалните напори за затворање на спорни прашања. Договорот ќе има биде од корист за целиот балкански регион, рече Гутереш.

Тој повика на засилување на напорите на меѓународната заедница за решавање и на другите отворени прашања во светот кои предизвикуваат тензии.

– Во ера на хаос и конфузија гледаме голема надеж за успешно решавање на разликите и споровите како што беа меѓу Грција и Македонија за прашањето за името. Тоа не потсетува и ни покажува дека кога работиме заедно можеме да постигнеме големи работи во корист на нашите народи, порача генералниот секретра на ОН, Антонио Гутереш.

Трајковски без коментар за фотографијата со Груевски во Будимпешта

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба Александар Трајковски денеска одби да ја коментира фотографијата снимена во Будимпешта на која тој е во придружба на поранешниот премиер Никола Грувески кој избега и доби азил во Унгарија.

Трајковки денеска дојде во Кривичниот суд на рочиште за предметот „Насилство во Центар" во кој е еден од обвинетите, но не сакаше да одговора на новинарски прашања.

Александар Трајковски е вработен во Царинската управа, од каде соопштија дека во времето кога беше објавена фотографијата тој бил на боледување. Од Царината најавија дека е поведена постапка за утвдување дали боледувањето му е оправдано и оти ако се утврдат злоупотреби ќе бидат преземни соодветни мерки.

Фотографијата од Груевски на која е и Трајковски беше снимена и објавена од дописник на „Гардијан" од Будимпешта и е прв фото запис од поранешниот премиер по бегството во Унгарија. /МИА

Албанија: Во туризмот 21,3 отсто поголем број вработени

Од година во година бројот на странските туристи во Албанија е во постојан раст, што условува квалитетен развој на секторот туризам, хотелиерство и зголемување на бројот на вработените.

Државниот Институт за статистика, ИНСТАТ соопшти дека во секторот услуги (хотелиерство,туризам) во третото тримесечие годинава бележи раст за 37 отсто, споредено со истиот перод лани и претставува сектор каде е забележен најголем раст во економијата во овој период.

Ваквите позитивни резултати придонеле и за зголемен број вработени.

Според ИНСТАТ, бројот на вработени пораснал за 21,3 отсто  во однос на третиот квартал од 2017 година, додека индексот на плати се зголемил за 20,9 отсто.

Зголемениот број туристи влијае и на растот на инвестициите и продолжување на тристичката сезона од мај до октомври.

Инаку, официјалната статистика потврдува дека годинава во Албанија влегле околу 5,4 милиони странски туристи, што е за 17,3 отсто повеќе од лани.

притисни ентер