Синодот на МПЦ-ОА во јуни ќе расправа за Вранишковски

Денешната редовна седница на Синодот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, заврши без заклучоци. Деликатната и важна тема Вранишковски била оставена за јунската седница кога ова тело ќе заседава во полн состав, брифираат за Канал 5 извори од Синодот
Денешната редовна седница на Синодот на Македонската Православна Црква- Охридска Архиепископија, заврши без заклучоци. Деликатната и важна тема Вранишковски била оставена за јунската седница кога ова тело ќе заседава во полн состав, брифираат за Канал пет извори од Синодот. На ден пред почетокот на мајскиот сабор на Српската православна црква од каде потврдија дека ќе се произнесат и по писмото на поглаварот на МПЦ Стефан за продолжување на преговорите, членови на Синодот што сакаа да останат анонимни велат оти топката е во рацете на Српските владици и оти сега ќе го очекуваат одговорот од таму, па потоа ќе се произнесат независно од неговиот исход.

Случајно или не утре Апелациониот суд ќе се произнесе по жалбите во однос на решението за тригодишна затворска казна на Вранишковски во случајот Расколник, кој случај се смета за еден вид продолжение на случајот за проневера на 250 илјади евра црковни евраи за кој Вранишковски во моментов ја одлежува исто така тригодишната затворска казна. Дали исходот од овој случај ќе влијае врз одлуката на Синодот на Српската црква за продолжување на преговорите со МПЦ, ќе се знае за два дена. Инаку Српските црковни и земски власти не кријат дека ослободувањето на Вранишковски, за кои тој е српски егзарх во Македонија, е услов за продолжување на преговорите.

Пред десетина дена Дебарско-кичевскиот митрополит Тимотеј во интервју посочи оти тој би го ослободил предвреме Вранишковски за да се отстрани пречката за продолжување на преговорите. Синодот и со денешната седница не изгради став по овој предлог. Во меѓувреме Владиката Петар неодамна за Канал пет изјави дека Синодот може да донесе таква одлука но како условна мерка за Вранишковски кој треба и да ги врати проневерените 250 илјади евра и дека црвените линии на Синодот како добра волја за продолжување на преговорите треба да се заедничко сослужување со Српските владици.

Кога сме кај сослужувањето на наши и свештеници на други цркви, на денешната седница на Синодот бил прифатен извештајот на поглаварот на МПЦ-0А за сослужувањето со бугарскиот патријарх Неофит на празникот за Свети Кирил и Методиј пред два дена во Софија. Синодот ги охрабрил таквите чекори на засилена црковна дипломатија и биле испратени писма со благодарност и до поглаварот на Бугарската православна црква и до Бугарската академија на науките и уметностите.

Протест за правда на ВМРО-ДПМНЕ

Пред зградата на Јавното обвинителство вечерва се одржа протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓани и партиски симпатизери вечерва излегоа на протестниот марш во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против, како што велат од партијата, неправдата која владее во земјава изминатите неколку години.

Протестот започна со емитување на аудио снимките на кои се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев, а кои беа објавени од пратеникот Антонијо Милошоски.

Маршот потоа продолжи со говор на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој порача дека правдата во Македонија била нападната од неправдата, но и дека судската и обвинителската власт биле брутално згазени.

Мицкоски достави и три барања: покренување на истрага за злоупотреба на службена должност на поранешниот премиер Зоран Заев, ревизија на работата на врховните судии и реформа на Советот за реформи во праводуството.

– Зоран Заев е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија, обвини Мицкоски. Заев, како што рече, е и трговец со виталните органи на нашата Македонија и правдоубиец.

Според него, главни советници и верни заштитници на криминалот на Заев се Вилма Рускоска и Љубомир Јовески, уште неколку врховни судии и како, што рече, и неколку медиумски слуги кои не се новинари, а така се претставуваат.

На протестот, кој беше масовен, присутните граѓани извикуваа „Сакаме правда", „Македонија", пееја патриотски песни, вееја македонски знамиња, а главниот транспарент беше „Заев е виновен".

Десетици Срби се степале на семејна вечера во Виена

Дури  50 луѓе учествувале во голема тепачка во Виена кога членови на српско семејство се степале  во ресторан.

Откако полицијата интервенира, четворица биле уапсени, а десетина се повредени во масовната тепачка.

Големо семејство се собрало во ресторан во Виена за семејна прослава во саботата, според австриските медиуми, но средбата ескалирала по неколку кавги, пишува „Блиц“.

Тепачката се преселила од ресторанот на улица и келнерите повикале полиција. Полицајците откриле дека околу 50 лица учествувале во тепачката. Пристигнало засилување  и целата улица била блокирана.

Мотивот на тепачката засега е непознат, пренесува „Блиц“.

Паника во Загреб по појавата на коронавирусот , се празнат продавниците (ВИДЕО)

Наскоро откако беше потврден првиот случај на инфекција со коронавирус во Хрватска, поточно во Загреб, почна да се шири паника кај граѓаните.

Во аптеките веќе нема заштитни маски, јавуваат медиумите,  иако за нив експертите велат дека не помагаат против болеста, а во некои продавници им недостасуваат антибактериски гелови за раце и влажни марамчиња.

Според снимките и фотографиите што се шират на социјалните мрежи, полиците на некои локални продавници се веќе празни. Недостасува шеќер, брашно, тесто, месо… што е евидентно на снимките објавени од граѓаните на Твитер.

Исто така, се зголеми и купувањето преку интернет.

Шефот на канцеларијата за управување со вонредни состојби во Загреб, Павле Калиниќ ги предупреди граѓаните дека нема причина за паника.

„Ние го поддржуваме штабот на Министерството за здравство. Барам од граѓаните да не паничат, наводно имаме еден пациент, нема потреба да брзаме кон продавниците веќе по половина час“, рече Калиниќ, додавајќи дека протоколот за лекување е донесен кога е прогласена епидемијата.

И покрај предупредувањата за смиреност, во супермаркетите во загреб полека исчезнуваат лименките со конзервирана храна, млеко, паштета ... Во сите продавници попладнево има голем метеж.

притисни ентер