Во Велес промовиран проектот за оценка на работењето на општините

Во Велес денеска беше претставен проектот за испитување на корупцијата, транспарентноста и отчетноста кој ќе се реализира во 43 македонски општини. Финансиран е од ЕУ, а ќе се спроведува во партнерство со Центарот за истражување и креирање политики.

- Целта на проектот кој ќе трае една година, е да се сузбие корупцијата. Во него се вклучени 43 општини од осум региони во државата, истакна Весна Апасиева, еден од истражувачите на локално ниво.

Проектот ќе го реализираат осум невладини организации од кои „Грин Пауер“ ќе врши мониторинг на општините Велес, Чашка, Неготино, Градско и Лозово. Тројца истражувачи ќе прибираат информации за транспарентноста, отвореноста, отчетноста, доброто владеење, нивото на корумпираноста и начинот на работа со граѓаните.

Методологијата за истражувањето е направена во соработка со невладината организација Гонг од Загреб. Стратегиски партнери се Министерството за локална самоуправа и Државната комисија за спречување на корупцијата. /Извор: МИА/

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе избира нов Ивршен комитет

Централниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе одржи седница за избор на Извршен комитет на партијата.

Според партиското соопштение, новиот Извршен комитет ќе има помалку членови од актуелниот и ќе содржи неколку нови имиња.

Новиот извршен комитет е дел од пакетот промени кои ги најави и почна највисокото актуелно партиско раководство. По изгласувањето на новиот статут, ВМРО-ДПМНЕ избра нов претседател и нов Извршен комитет на УМС, распиша оглас за избор на нов претседател на унијата на жени, а во меѓувреме беа назначени и нови претседатели во дел од општинските комитети.

Украден мртовец од струмичката болница

Претпладне околу 9 часот група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение на болницата, потврди за МИА директорот, д-р Наќе Гогов.

– Се се случи како во хорор филм. Пациент на 49 годиншна возраст бил примен во амбулантата во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. Отако набргу починал дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го префриле преку оградата и го ставиле во комбе по што се упатиле во непознат правец. Го осудуваме овој чин, бидејќи не дозволиле на лекарите да потпишат посмтрница и да ги пополнат потребните документи. Веднаш ја алармиравме полицијата, но додека таа да дојде тие веќе заминаа, рече директорот Гогов.

Според него не може да се каже дали починатиот бил заразен од Ковид-19, бидејќи не му бил направен тест./МИА.

Средба на премиерот Заев со австрискиот амбасадор Вуцас:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев се сретна со Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија во нашата држава.

На состанокот се изразени честитки за изборот на новата Влада и e потврдена поддршката од Австрија за европските интеграции на нашата држава.

Премиерот Заев упати порака до австрискиот канцелар Курц дека и новоизбраната Влада во земјава е целосно посветена на европскиот пат.

На средбата е изразена согласност дека владеењето на правото е една од клучните области за Република Македонија и за интеграциите и притоа е констатирано дека Австрија може да помогне во унапредувањата во оваа област.

„Големи можности се сега пред нас, откако воспоставивме добрососедски односи со сите соседи и со тоа создадовме можности за бенефити за нашите граѓани на домашен план. Тоа се економските можности од значење и за граѓаните и за државата. Владата, со развојот на економијата, е цврсто определена да работи и на владеењето на правото и е подготвена да соработува и со Австрија и со европските институции со цел усогласување на праксите и легислативата", рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, зборуваше и за насоченоста на Владата кон развој на образованието и на здравствениот систем и се заблагодари за солидарноста од Австрија и државите на ЕУ за време на здравствената криза.

На состанокот е констатирано дека економската соработка помеѓу Република Македонија и Република Австрија е одлична и дека има можности за интензивирање на билатералните односи во следниот период, во областа на инвестициите, здравството, енергетиката, трговијата, културата, земјоделството.

притисни ентер