Почнува информативната кампања „ЕУ одблизу“

Селата на граѓаните им нудат многу поквалитетен живот од градовите во Европската Унија.

Кон оваа цел се стремат и македонските рурални средини кои ги користат сретствата од ИПАРД програмата и финансиска помош од проекти на амбасадите на земјите членки на ЕУ во Македонија, му го соопшти градоначалникот на Чашка на преставникот на Делегацијата на ЕУ, Роберт Лидл.

Убава земја со среќни и насмеани луѓе кои се заедно и покрај различната етничка припадност. Овој впечаток за Македонија го стекнал Роберт Лидл. Тој ги охрабри жителите на Чашка да ги користат советите на преставниците на Владата и европските пари преку ИПАРД програмата. Децата се иднината на секоја земја, порача Лидл.

Посетата на делегацијата на ЕУ на општина Чашка е прва во кампањата „ЕУ одблизу“. Тие стигнаа со европскиот автобус и голем дел од посетата им посветија на децата. Разговараа и со возрасните граѓани и одговорија на повеќе прашања поврзани со пристапувањето на Македонија во Унијата.

Министерот за политички систем Груби оствари средба со амбасадорот на Кина, Џанг Ѕуо

Првиот вицепремиер и министер за Политички Систем и Односи меѓу Заедниците, Артан Груби, денес оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Македонија, Џанг Ѕуо.

Посакувајќи добредојде во неговиот кабинет, првиот вицепремиер Груби истакна дека односите со меѓу Република Македонија и Народна Република Кина се коректни.

Груби изрази уверување дека развојот на економската соработка ќе биде понатамошна цел на амбасадорот Џанг Ѕуо и дека тоа ќе резултира со зголемување на бројот на кинеските компании кои ќе најдат интерес да инвестираат во Република Македонија.

Првиот вицепремиер Груби му се заблагодари на амбасадорот Ѕуо за донациите дадени од Народна Република Кина за Македонија во медицинска помош со цел да се спречи ширењето на вирусот COVID-19.

Амбасадорот Џанг Ѕуо се заблагодари за реализираната средба и во оваа пригода му пренесе на првиот вицепремиер дека Република Македонија е пријателска земја за кинескиот народ, со посебен придонес во развојот на односите меѓу двете земји. Тој исто така ја поздрави континуираната поддршка на Република Македонија кон државните позиции на Народна Република Кина.

Истотака амбасадорот Џанг Ѕуо подвлече дека Народна Република Кина посветува големо внимание на досегашната соработка во сите сфери меѓу двете земји и верува дека таа ќе се интензивира со цел да се постигнат конкретни резултати. Амбасадорот Ѕуо истакна дека во наредниот период ќе се ангажира во интензивирање на соработката меѓу Македонија и Кина во областа на културата, образованието и туризмот.

Груби пред кинескиот амбасадор изрази интерес за автопатот Кичево-Охрид-Струга и побара да се надминат сите пречки за што побрзо реализирање на проектот.

Груби и Ѕуо разговараа и за стратешките електронски комуникации, 5G мрежата и обврските што ги имаме како земја членка на НАТО и кон стратешките партнери.

Вицепремиерот Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

На маргините на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) што неделава се одржува во Брисел, вицепремиерот Димитров ќе оствари средба и со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров утре ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е и прва посета во седиштето на ЕУ на претставник на Владата на Македонија по нејзиното формирање.

Како што соопшти СЕП, предвидени се средби со потпретседателот на Европската комисија задолжен за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Схинас и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји, како и со други претставници на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија.

На маргините на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК) што неделава се одржува во Брисел, вицепремиерот Димитров ќе оствари средба и со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот.

-Работната посета на заменик претседателот на Владата Никола Димитров се случува во исклучително важен момент за Македонија, во светло на дефинирање на Преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, што ќе означува и официјален почеток на пристапните преговори со Унијата, стои во соопштението на СЕП.

На средбите Димитров ќе ги отвори прашањата поврзани со ИПА 3 програмата, имајќи го предвид утврдувањето на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ 2021-2027 што е актуелно периодов. Во тој контекст ќе се зборува и за подготовките за димензионирање и објавување на најавената Економска програма за развој и инвестиции за Западен Балкан.

Општина Кавадарци спроведува целосна реконструкција и модернизација на уличното осветлување

Општина Кавадарци спроведува целосна реконструкција и модернизација на уличното осветлување во градот и населените места. 

-Се менува ниско напонската мрежа, се поставуваат нови канделабри и светилки, а целта е да се заштети електрична енергија, а да се добие подобро осветлување на улиците и јавните површини. На денешната прес конференција од општината информираа и дека граѓаните можат онлајн преку веб страницата на општината да пријавуваат проблеми, но и да закажуваат прием кај градоначалникот Митко Јанчев.

притисни ентер