Фрлени две бомби врз куќа во Радишани

Две бомби кашикари ноќеска биле фрлени на кровот на куќата на семејството Зекири во Радишани. Едната бомба експлодирала, а другата била деактивирана од единицата за антитероризам. Нема повредени но е причинета материјална штета.

На снимките од безбедносните камери не се гледа, но се слуша експлозијата на кашикара фрлена врз куќата на семејството Зекири во Радишани.

Инцидентот се случил синоќа околу 22.30 часот. Оштетувањата во купатилото стојат, а полицијата при увид нашла уште една неексплодирана експлозивна направа во дворот.

Полицијата извршила увид, а крим техничари и денеска беа на местото и проверуваа. Од полицијата велат дека се вршат проверки на експлозивната направа и се истражува кој ги фрлил бомбите врз куќата.

Од семејството Зекири велат дека и порано имало напади врз нив. Семејството стана познато по инцидентот по првиот изборен круг за претседател кој се случи пред точно еден месец.

Полицијата за првиот инцидент првично соопшти дека станува збор за сообраќајна несреќа, а подоцна за сите учесници во тепачката поднесе прекршочни пријави и една кривична пријава за момче кое со автомобил влета во жители на куќата. Потоа неколку членови на семејството заминале и побарале азил во европска земја. Пред неколку дена сопственикот на куќата се сретнал со заменик министерот за внатрешни работи Земри Ќамили, а синоќа се случил нападот за кој МВР врши истрага и засега нема информации дали е поврзан со некој друг инцидент.

Вратен и третиот мандат за формирање влада, следат нови избори во Бугарија

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претставниците на партијата „Има таков народ“ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување на вонредни парламентарни избори.

Мандатот што и беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање на редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Кина официјално ги укина царините за австралиското вино

Кинеското Министерство за трговија денеска соопшти дека ги укина тарифите за австралиското вино кои важеа повеќе од три години.

Одлуката за укинување на царините стапува на сила утре, се вели во соопштението на кинеското Министерство.

Кина воведе тарифи за австралиското вино во 2020 година за време на дипломатски препирки меѓу Канбера и Пекинг, а во еден момент тие нагло се зголемија над 200 отсто.

Австралиските производители на вино со тоа беа тешко погодени бидејќи Кина беше најголемата извозна дестинација на Австралија.

Во 2020 година, Пекинг воведе серија санкции за австралиските стоки, за кои се проценува дека ја чинеле австралиската економија повеќе од 12 милијарди евра.

Повеќето од гореспоменатите санкции оттогаш се укинати бидејќи односите меѓу двете земји се подобрија.

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

притисни ентер