Заев останува лидер на СДСМ (обновено)

Штотуку заврши Конгресот на СДСМ на кој 413 делегати гласаа Зоран Заев да остане лидер на партијата и по изборниот пораз. 176 делегати биле против. Заев изјави дека партијата е посплотена во споредба со периодот пред Конгресот.

СДСМ останува на политиката на бојкот а Зоран Заев на лидерската позиција во партијата. Ова е исходот од десетчасовната бурна расправа на Конгресот на кој противниците на актуелното раководство бараа оставка од Заев.

Од присутните делагати 413 гласале за доверба на Заев , 176 биле против. За Шеќеринска доверба дале 386 делегати а против биле 205. За Надзорниот и Централниот одбор бројот на гласови е ист - доверба дале 445 а 146 делегати биле против.

Заев им се заблагодари за довербата на делегатите и побара единство во натамошната работа на партијата.

Од СДСМ соопштија дека партискиот конгрес ги потврдил одлуките на Централниот и Извршниот одбор за непризнавање на изборниот процес и неприфаќање на мандатите за пратеници.

Со вечерашната одлука Конгресот поддржа продолжување на активностите на СДСМ кон создавање услови за спроведување фер и демократски избори и функционални институции коишто неселективно ќе се справуваат со криминалот и корупцијата во Македонија, посебно кога доаѓаат директно од врвот на власта, се наведува во партиското соопштение.

Извештајот за изборите, одлуката за бојкотот и довербата за актуелното раководство за кои денеска на Конгресот се дебатираше во бурна и мачна атмосфера уште повеќе ја исфрлија на површина поделеноста во опозициската партија.

Противниците на актуелнто раководство бараа од Заев да ја напушти лидерската позиција. Меѓу оние кои бараа оставка беа Есад Рахиќ кој најави и напуштање на Централниот одбор на партијата.

Екс пратеникот Митре Велјановски го критикувал Заев дека води погрешна стратегија од моментот кога лани го урна отпорот.

- Во својот концепт не верува ниту Заев, СДСМ е жив мртовец, рекол поранешниот потпретседател на СДСМ Гордан Георгиев.

Инаку, на конгресот не беше повикан екс лидерот Црвенковски, но според познавачите на приликите на Бихаќка независно од тоа кој е на чело на СДСМ конците и натаму ќе ги влече Црвенковски.

Портпаролот на партијата Шилегов во изјава за медиумите денешната атмосфера на Конгресот ја оквалификува како демократска.

На Конгресот присуствувале 607 од вкупно 707 делегати.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер